Во семејството Паневски радосната вест дека ќе станат родители ја дознале за време на пандемијата со ковид-19. Од една страна среќа, но од друга страна загриженост и многу прашалници, вели Катерина Богдановска-Паневска, која наскоро треба да го донесе на свет своето прво дете. Загриженоста не е за себе, туку за се уште нероденото бебе, вели таа. Бебето било планирано, но ни и стравот со кој се соочиле поради пандемијата. Но освен позитивен тест за бременост, Катерина на почетокот на бременоста, добила уште еден позитивен тест, овојпат имала ковид-19.
„Бременоста си одеше во ред, но кога дознав дека сум ковид позитивна, малку поинакво беше чувството. Немав некои страшни симптоми, но чувството кога знаете дека сте заболени од вирус којшто коси низ цел свет, па и не е баш сеедно. Кога дознав дека сум бремена ми беше страв да не се заразам, не заради мене, туку заради плодот, зошто не се знаеше навистина како делува вирусот врз плодот. Но ете се случи се заразив и тоа не на работа, туку дома“, вели Катерина.
Кога беше прогласена пандемијата Катерина работела како медицинска сестра на Хирургија - Ургентен центар и одблиску се соочувала со болеста, но откако Владата донесе одлука трудниците да бидат ослободени од работа, таа не оди на работа.
Од почетокот на пандемијата има ковид центарот на Клиниката за гинекологија и акушерство. Тука се прегледуваат бремените со ковид, но и други жени позитивни вирусот, кои имаат потреба од гинеколошки прегледи.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
За предизвиците со кои се соочуваат гинеколозите за време на пандемијата, ако се води бременост во такви услови и за препораките до бремените жени разговаравме со Aсистент Доктор Весна А. Чибишева од Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство.
Бремените со ковид истовремено се грижат за тоа како ќе се развива болеста во нивното тело, се грижат за своите најблиски, но најмногу за новиот живот кој се развива во нив, вели Д-р Весна А. Чибишева.
„Тие ќе останат нашите херои, кои во целата оваа пандемија ги охрабрувавме да бидат силни, соодветно да и се спротивстават на болеста, навреме да реагираат на симптоматологијата, навреме да побараат лекарска помош и ќе останат мајките кои додека се бореа со болеста на свет донесоа нов живот. А стравот е една сосема нормална реакција, една сосема нормална појава. Ние сме сите заедно ова, сите здравствени работници, бремените жени, пациентките коишто ги породивме“, вели доктор Чибишева.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Со бремените и родилките ги споделувавме нивните најсреќни моменти, но за жал имаше и многу тажни, вели доктор Чибишева.
„Не можеме да ги заборавиме моментите во коишто ги испраќавме дома без никаква придружба од семејството, изолирани во возилата за Итна медицинска помош, кога ги враќавме дома во празни домови, затоа што голем дел од членовите на нивото семејство беа хоспитализирани некаде по ковид центрите заради компликации од корона-вирусот, но најтажните моменти ни се кога заедно, со нив тука, во нашиот ковид центар моравме да споделуваме многу тажни информации, односно да ги споделуваме загубите на нивните најблиски, а во неколку наврати и загуби на сопружници“, вели докторката.
Катерина Богдановска-Паневска вели дека еднаш месечно оди на контроли и е задоволна од третманот на трудниците на Клиниката за гинекологија.
„Имаат некаков ред створено. Од главниот влез се пуштаат едни пациенти од спореден влез сме ние трудниците. Ако имаше гужва пред амбулантите, ние чекаме надвор за да нема мешање на многу жени. Дури и пофалби имам морам да кажам.“
Доктор Чибишева вели дека бремените жени немаат зголемен ризик од заразување, но доколку се заразат има други ризици.
„Две третини од пациентките кои се бремени и ќе се инфицираат со корона-вирусот се асимптоматски, меѓутоа оние коишто ќе развијат клиничка слика со изразена симптоматологија ја развиваат во тежок облик на болеста и имаат зголемен ризик од потреба од респираторна поддршка, односно прием во единиците за интензивна нега и терапија.“
Бремените жени со овој ризик се соочуваат како одминува бременоста, особено во последниот триместар и доколку имаат дополнителни заболувања. Науката покажа дека ризик има кај жени што имаат проблеми со висок притисок, дијабетес, проблеми со згрутчување на крвта, пациентки со автоимуни болести, вели доктор Чибишева.
Според податоците на ГАК, во нивниот ковид центар од март минатата до март годинава имало 1380 прегледи, вкупно биле хоспитализирани 393 пациентки, биле породени 279. Од ГАК биле направени трансфери на седум пациентки кон други здравствени установи, а четири жени починале.
Лекарите препорачуваат бремените да доаѓаат на редовни прегледи, а доколку е потребно максималното одложување да биде до 2 недели. И за нив важат општите препораки за заштита и избегнување групирање и ризични контакти. Трудниците треба да знаат дека Клиниката за гинекологија им нуди 24 часовна нега, вели доктор Чибишева. Што се однесува до вакцинација на трудници и жени што дојат уште не постојат доволно научни докази на оваа тема, но сите релевантни здравствени здруженија препорачуваат вакцинација по личен избор, особено на они од ризични категории, вели докторката.
Видете и ова: Починаа две родилки позитивни на ковид-19, едното бебе е добро, другото е на респираторКако ковид-19 влијае врз здравјето на родилките и новородените?
Мртвородени деца, вонматерична бременост и смртост кај мајките за време на породот зачестија за време на пандемијата, веројатно затоа што жените го намалија пристапот до медицински услуги. Ова го покажува новата глобална студија која споредувајќи ги резултатите на бремените жени лани со претходните години, заклучува дека штетата од ковид-19 била уште поизразена во помалку богатите земји.
Гоце Атанасов
Мајката на Малик кој е роден во март годинава, Хинд Шергин открила дека е бремена за време на пандемијата лани како и многу други жени. Веста ѝ била кажана во јуни и иако тогаш првиот бран во британските случаи на ковид-19 беше минатото, тоа беше време на вознемиреност за жените кои беа загрижени за здравјето на нивните неродени бебиња.
Шергин, која е мајка на шестгодишна ќерка и деветгодишен син, се најде во иста ситуација како и другите на кои им е потребна здравствена заштита. Ѝ беше речено да не прави непотребни посети на лекар или во болница каде што биле зафатени со справување со новиот коронавирус. Стравот од заразата и влијанието што може да го има пандемијата врз нејзиното бебе ја чуваше Шергин дома. И покрај мерките на претпазливост, таа сериозно се разболе во август. Дијагностицирана ѝ била пневмонија, но по нејзината болест лекарот на Шергин ѝ направи антиген тест кој потврди дека имала ковид-19. Шергин помина неколку месеци грижејќи се дека вирусот може да влијае врз развојот на Малек.
„Беше многу, многу стресно, па дури и имајќи, мислејќи дека имам пневмонија, бев доста загрижена за развојот на бебето. Но, кога подоцна дознав дека станува збор за коронавирус, тоа е огромен свет кој е навистина непознат и тоа навистина ме туркаше преку работ и јас бев толку под стрес во текот на целата бременоста, заради мислата, знаете: Што ако? Што ако?“.
По неколку скенирања, Шергин беше уверена дека нејзиното бебе се развива нормално, но фактот дека ковид-19 е нов вирус и малку се знаеше за неговите влијанија врз бремените жени, или нивните бебиња претставуваа грижа и за лекарите и за жените за кои се грижеа.
„Ти некако играш лотарија со оваа информација и јас не се тестирав повторно за антигени, но го носев стравот со мене“, вели Шергин.
Видете и ова: Цела плата за лекување од ковидПрофесорката Асма Калил, акушерка од болницата Сент Џорџ во Лондон е меѓу група лекари кои го проучувале влијанието на вирусот врз жените и нивната бременост.
„Вклучивме повеќе од шест милиони бремени жени од 40 студии од 17 земји и ги споредивме резултатите од нивната бременост за време на пандемијата на ковид-19 со периодот пред пандемијата“, вели Халил.
Она што го открива извештајот е дека бројот на мртвородени деца се зголемил за скоро третина, а бројот на жени кои починале за време на бременоста исто така се зголемил за скоро третина. Бројот на жените на кои им требаше итен третман поради ектопична бременост беше шест пати поголем за време на пандемијата отколку претходната година. Станува збор за бремености каде фетусот расте надвор од матката. Студијата објавена во медицинското списание „Лансет“, исто така, открива значително зголемување на бројот на жени кои страдаат од стрес и анксиозност.
Калил вели дека смртните случаи кај новороденчињата не се директна причина од ковид-19, туку она што таа го опишува како колатерална штета на пандемијата. Низ целиот свет, заклучувањата значеа дека жените не одат на прегледи. Какви било проблеми не можеа да се забележат рано и да се решат со помали интервенции, на пример, кога им била потребна итна операција.
Коавторот на извештајот на Лансет, професорката Шакила Тангаратинам од Универзитетот во Бирмингем советува одредена претпазливост во однос на бројките. Тие се бројки од периоди пред и за време на пандемијата отколку подлабока анализа.
„Значи, тоа е вид на бројка. Сè уште е исклучително мала и она што треба да го направиме е да продолжиме да ги собираме овие информации па проценката ќе остане иста или ќе се движи во една или друга насока?“.
Тангаратинам вели дека несомнено пандемијата има негативно влијание врз здравјето на жените, но додава дека треба да се направат уште многу студии. Според Калил, нема вистинска бројка што може точно да потврди колку жени имале вирус, бидејќи повеќето имале многу лесни симптоми. Како што вели акушерката Калил, прашањето што најмногу го поставуваат нејзините пациенти е дали треба да примат вакцина против ковид-19 и дали таа може штетно да влијае врз здравјето на бебето.
„Вистина е дека немаме навистина робустен безбедносен податок за давање вакцина на бремени жени и дали има некаков ефект врз бебето или не, но знаеме, особено од податоците од државите дека имало повеќе од дваесет илјади бремени жени кои примиле вакцина и досега нема црвени знамиња“, вели Халил, додавајќи:
„Упатството, барем во Велика Британија сега, е да размислиме дали да им ја дадеме вакцината на жени доколку имаат ризик. Под ризик, се подразбира да добиете тешка инфекција, на пример ако имате медицински проблеми, ако имате прекумерна тежина или имате ризик од изложеност“.
Оние кои се изложени на најголем ризик се здравствените работници или социјалните работници. Кога станува збор за вакцинацијата, Светската здравствена организација вели:
„Додека бременоста ги става жените во поголем ризик од сериозен ковид-19, многу малку податоци се достапни за да се процени безбедноста на вакцините во бременоста“.
Но, СЗО исто така советува дека нема специфична причина за ризици и затоа придобивките од вакцината за време на бременоста се поголеми од ризиците. Во извештајот се додава:
„Бремените жени со висок ризик од изложеност на САРС-CoV-2, можат да бидат вакцинирани по консултација со нивниот давател на здравствена заштита“.
Според Калил, постои значителен недостаток на податоци за бебиња чии мајки имале ковид-19 рано во бременоста. Ова е загрижувачко, бидејќи проблеми со развојот се поверојатни ако инфекцијата се случи на почетокот на бременоста. Досега немаше извештаи за поврзување на вирусот со абнормалности, што е: „Добра вест“, вели Халил. Тројца од коавторите на извештајот се од Кралскиот колеџ за акушери и гинеколози во кој се заклучува: „Она што е неверојатно загрижувачко е колку се диспропорционално погодени жените во земјите со ниски и средни примања. Апсолутно е од витално значење штом започнеме да се опоравуваме од оваа пандемија, на земјите со ниски ресурси да им е дадена поддршка што им е потребна за да обезбедат безбедна грижа за мајчинството“.