Животот во Белорусија среде пандемија на коронавирус
Поддржувачите на Комунистичката партија во Минск положија цвеќе пред споменикот на Владимир Ленин, основачот на Советскиот сојуз, за да ја одбележат 150-годишнината од неговото раѓање на 22 април.
Некои луѓе носат маски за лице во јавниот превоз во Минск. СЗО соопшти дека бројот на пријавени случаи на коронавирус во Белорусија „расте рапидно“, над 6.000 заразени и повеќе од 50 починати. Но, некои белоруски лекари веруваат дека реалните бројки би можеле да бидат четири до пет пати поголеми.
Луѓе во Минск минуваат покрај знак што го прикажува коронавирусот и пораката "Ќе победиме".
Жени шетаат во центарот на Минск на 20 април.
Белорускиот претседател Алиаксандар Лукашенко и неговиот помлад син Николај, во црква за време на Православниот Велигден на 19 април. Лукашенко глобалните грижи за ковид-19 ги оцени како „масовна психоза“, наведувајќи дека нема потреба од строги мерки за да се забави ширењето на вирусот.
Целоноќно Велигденско бдение во Минск, на 19 април.
Фудбалски натпревар помеѓу Витебск и Брест Динамо на 18 април. Белорусија е единствената земја во Европа во која сè уште се игра фудбал сред пандемијата, но поголем број на навивачи ги бојкотираат натпреварите, бидејќи страхуваат за нивното здравје.
Навивачи без маски за лице ја бодрат домашната екипа Витебск на 18 април.
Верници со „паска“ колачи, јајца и друга храна се собираат во црква во Минск во пресрет на Велигден на 18 април.
Белоруските боксери Евгениј Федоринчик и Дмитриј Филипов во Премиер салата во Минск на 17 април.
Белоруска почесна стража вежба на 16 април за парадата на Денот на победата во Минск. Среде пандемијата, армијата продолжува да се подготвува за 9 мај кога се одбележува 75-годишнината од крајот на Втората светска војна.