Турнејата претставува тест за способноста на демократскиот претседател да управува и да ги поправа односите со големите сојузници кои се разочараа од трговските тарифи на тогашниот претседател Доналд Трамп и повлекувањето од меѓународните договори.
Бајден - нема сомнеж во одлучноста на САД да ги брани демократските вредности
„Ова е решавачкото прашања на нашето време. Дали демократските сојузи и институции, кои толку многу го обликуваа минатиот век, ќе покажат отпорност против модерните закани и противници. Верувам во тоа. Оваа седмица во Европа имаме шанса тоа да го докажеме“, напиша Бајден во колумна објавена во Вашингтон пост.
Видете и ова: Бајден ќе изврши притисок врз Путин да ги почитува човековите праваНеговиот самит со рускиот претседател Владимир Путин на 16 јуни во Женева е можност директно да се покрене загриженоста на САД до Путин во врска со сајбер нападите што, според Вашингтон, произлегуваат од Русија, агресијата на Москва против Украина и ред други прашања.
Бајден од петок до недела ќе разговара со партнерите од групата Г7: Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија. На состанокот се очекува да доминираат дипломатијата за вакцини, трговијата, климата и иницијативата за обнова на инфраструктурата во земјите во развој. Американските власти сметаат дека тој напор е начин да се спротивстави на растечкото влијание на Кина.
Бајден може да се соочи со притисок да стори повеќе за да ги сподели резервите на вакцини во САД со други земји по првичната заложба од 20 милиони дози објавена минатата недела.
Џонсон ќе побара од Г7 да го вакцинираат светот до 2022 година
Неговиот притисок за глобален минимален данок на мултинационалните корпорации се соочува со противење дома. Министрите за финансии на Г7 се согласија пред самитот да ја следат глобалната минимална даночна стапка од најмалку 15% и да им овозможат на земјите да оданочуваат до 20% од вишокот профит генериран од околу 100 големи, високо профитни компании.
Републиканците излегоа против планот, потенцијално комплицирајќи ја способноста на САД да спроведат поширок глобален договор.
На денешната средба на Бајден со британскиот премиер Борис Џонсон пак, се гледа како на шанса за обновување на американско-британските „специјални односи“ по британското излегување од Европската унија.
Видете и ова: Г7 со историски договор за минимален данокПо самитот на Г7, Бајден и неговата сопруга Џил ќе ја посетат кралицата Елизабета во замокот Виндзор. 78-годишниот Бајден ја запозна кралицата уште во 1982 година кога беше американски сенатор од Делавер.
Потоа Бајден лета за Брисел каде на 14-ти јуни е самитот на лидерите на НАТО, а ден потоа ќе учествува на самитот на ЕУ. На агендата се очекува да доминираат Русија, Кина и повеќегодишното прашање за принудување на сојузниците на НАТО да придонесат повеќе за заедничката одбрана.
Бајден ја затвора турнејата во Женева со она за што може да се покаже како најтешкиот состанок на неговиот престој во Европа – средбата со Путин, кој уживаше во пријателски односи со Трамп.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, изјави за новинарите дека Бајден се надева оти неговите состаноци на Г7 и на НАТО ќе го зајакнат чувството на единство со сојузниците пред да се сретне со Путин.
ФБИ обвинува хакерска група поврзана со Русија за сајбер напад врз компанија за преработка на месо
„Ќе замине на таа средба со ветер во грбот“, рече Саливен, додавајќи: „Бајден треба да може да го погледне Путин во очи и да каже: „Ова се очекувањата на Америка. Ова е она за што се залага Америка“.
Бајден го предложи самитот со Путин во април, бидејќи неговата администрација се подготвува да воведе санкции против руски официјални лица по втор пат во текот на првите три месеци од неговото претседателствување.
Белата куќа постојано повторуваше дека бара „стабилна и предвидлива“ врска со Русите.
Сепак, од самитот не се очекуваат големи достигнувања. Двете страни преговараа и за тоа дали претседателите да одржат заедничка прес-конференција.