Државната антикорупциска комисија отвори четири предмети за премиерот Зоран Заев. Тие ќе истражуваат наводи за корупција во случаите „Глобал“, „Едно евро корупција“, „Бугарските фирми на Заев“ и за продажбата на земјиштето на касарната во Струмица. Сите биле сторени додека сегашниот премиер Зоран Заев бил градоначалник на Струмица. Сите пријави се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ.
Постапка е отворена и против вицепремиерот Кочо Анѓушев, оти има сомневање дека дал под закуп градежно земјиште за изградба на хидроцентрала. Земјиштето го закупила фирмата МХЕ Тополки, во која како еден од сопствениците се јавува фирмата на Анѓушев, Феро инвест, а управител во тоа фирма е неговиот брат Тодор Анѓушев.
А постапката за Манчевски е во врска за грчки фирми.
И случаите за Анѓушев и за Манчевски се отворени по претставки на ВМРО-ДПМНЕ.
Апелација ја потврди пресудата за Заев за Поткуп, за Глобал е помилуван
Пред еден месец Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Заев за случајот „Поткуп“ или во јавноста случај познат како „едно евро за Вицето“.
Премиерот Зоран Заев беше обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев за продажба на државно градежно земјиште.
Заев очекуваше и доби ослободителна пресуда во овој судски процес, бидејќи како што изјави, се работи за монтиран случај со цел да биде спречен да ги објави „прислушуваните разговори“.
Во 2008 та пак тогашниот претседател Бранко Црвенковски, го помилува Заев за случајот Глобал, во кој тој беше обвинет за злоупотреба на службеното овластување како струмички градоначалник.
Видете и ова: ВМРО-ДПМНЕ бара од ОЈО истрага за тендерот во РЕК БитолаСпоред Законот, застарувањето на кривичното гонење почнува од денот кога е сторено кривичното дело. „Глобал“ почна да се гради во 2006 година, а кривичната пријава е од 2008 година. Ако за делото кое е сторено се предвидува казна над три години делото застарува за 5 години, а ако за делото може да се изрече казна над 5 години, тогаш делот застарува кога ќе поминат 10 години. А ако за делото се предвидени повеќе казни, тогаш рокот на застареноста се определува според најтешката пропишана казна. Во неговиот случај најтешката казна предвидува минимум 5 години казна, што значи дека се потребни 10 години за да застари. Но бидејќи тој е аболиран во тоа време рокот не тече.
Од ДКСК објаснуваат имало пријави па затоа отвораат предмети за кои има судска разрешница. Тие ќе ги истражат случаите, ќе видат дали и за кои предмети има судска разрешница и дали ќе го затворат предметот.
На тапет во Антикорупциска и Пановска, Мерко, Вангеловски
Државната антикорупциска комисија на денешната седница отвори постапки и за претседателот на Врховен суд, Јово Вангеловски, за градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, за в.д. директорката на Клиниката за хематологија, Ирена Пановска - Ставридис, оти има сомневање дека ја злоупотребиле службената должност. Отворена е постапка и за плацевите кај Хилидеј Ин.
Случајот за Пановска е отворен по претставка од група граѓани и лекари, по допрен глас и врз основа на информации објавени во медиуми, рекоа антикорупцинерите. Во случајот за Пановска имало наводи за неколку нерегуларности. Ќе се истражува дали е прекршена набавката на лекови од фирмата Др.Пановски која е во сопственост на таткото на Пановска, Златко Пановски. Потатаму ќе се истражуваат наводите за тоа дека таа унапредувала свои луѓе на раководни позиции, а за тоа ја имала и поддршкатаод министрите Радмила Шекеринска и Венко Филипче.
За Рамиз Мерко и за Јово Вангеловски пак случаите се однесуваат за набавка на возила. Градоначалникот на Струга набавил четири автомобили вредни 114 илјади евра, меѓу кои и ауди А6 во вредност од 67 илјади евра. Ќе се истражува дали Мерко ја злоупотребил должноста кога купил автомобили во услови кога Општината што ја раководи е задолжена. И за Вангеловски ќе се истражува дали ја злоупотребил должноста за лична корист кога набавил БМВ во вредности од 40 илјади евра.
Антикорупционерите отворија случај и за парцелата кај Холидеј Ин. Тие ќе ја проверуваат законитоста на постапката на окрупнување на земјиштето пред продавање на парцелата и дали се почитувани начелата за заштита на животната средина.
Ќе се истражуваа и дали поранешниот претседател на Судскиот совет Зоран Караџовски и претседателот на Врховен Јово Вангеловски како членови на Управниот одбор на Академијата за судии, три години земале по 10 илјади денари паушали што не им следувале по закон. Ваков паушал една година земјал и претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штерјев.