Авиони, возови и цркви како болници за ковид-19

Нова мобилна болница веднаш до Универзитетската клиника за заразни болести во Скопје.

Македонски војници поставуваат кревети за новата мобилна болница веднаш до Универзитетската клиника за инфективни болести во Скопје на 31 март.

Српската војска постави кревети на 24 март на Белградскиот саем за да се сместат лица кои со лесни симптоми на коронавирус.

Српски војници подготвуваат кревети на саемот во Белград на 24 март.

Еден од најголемите трговски центри во Иран беше претворен во центар за да прими пациенти со коронавирус во Техеран на 4 април.

Ирански работници во заштитна облека во меѓународниот изложбен центар во Техеран на 26 март.

Медицински персонал  во болницата Фанчанг, импровизиран објект за лекување на пациенти со коронавирус во Вухан, Кина, на 14 февруари.

Спортски стадион во Вухан, Кина, беше претворен во импровизирана болница за лекување на пациенти во епицентарот на појава на коронавирус.

Медицински работник гледа низ прозорецот на францускиот брз воз пред да ги евакуира пациентите со коронавирус од Париз до Бретања на 1 април.

Медицински персонал во воз на станицата Гаре д'аустлиц на 1 април во Париз.

Американски воен персонал во Менхетен на 3 април.

Болнички кревети во црквата „Свети Јован Божествен“ во Менхетен, Њујорк на 8 април.

Медицински персонал заедно со пациенти заразени со коронавирус на авион на француските воздухопловни сили на 3 април во Луксембург.

Медицински персонал во француски воен авион на 27 март.

Кревети за пациенти со коронавирус се поставени во Центарот „Експо“ во Лахоре, Пакистан, на 26 март.

Холандски работници во концертната сала Ахој во Ротердам што требаше да биде домаќин на Песна на Евровизија во мај. Настанот беше откажан, а салата беше претворена во болница.

Авганистанските работници градат импровизирана болница од 100 легла во западниот авганистански град Херат на 29 март. Херат се појави како епицентар на избувнувањето ковид-19 во земјата.

Волонтери се одмораат откако поставија кревети во саемот во Нови Сад за да се сместат лица кои со симптоми на коронавирус, 27 март.

Германски воен Ербас во Келн се подготвува за лет за Бергамо, Италија, на 28 март.

Медицински работник со заштитна опрема, става нараквици во привремен карантински центар во Равалпинди, Пакистан.

Брза помош во пристаништето во Џенова, Италија на 23 март.