Зошто изборите во САД се сведуваат на седум одлучувачки држави?

илустрација

Како што се приближуваат изборите на 5 ноември, американските претседателски кандидати Доналд Трамп и Камала Харис ги посетија Пенсилванија, Мичиген и Висконсин, надевајќи се дека ќе го придобијат малиот процент на неопределени гласачи во тие држави кои би можеле да ја свртат вагата во нивна корист.

Заедно со четири други држави од кои зависи исходот на изборите во Соединетите Држави,( каде што бројот на републикански и демократски поддржувачи е речиси ист) тие три држави ќе одлучуваат кој ќе стане 47-ми претседател на Соединетите Држави. Всушност, резултатот на крајот може да зависи од само 150 000 гласови распространети низ тие држави.

Еве што треба да знаете за „одлучувачките држави“ и нивното големо влијание врз претседателската трка во САД.

Кои се „одлучувачките“ држави?

„Одлучувачки држави“ се државите чии резултати ќе одредат кој ќе стане следниот претседател на Соединетите Држави. Годинава тоа се Пенсилванија, Мичиген, Висконсин, Аризона, Невада, Џорџија и Северна Каролина. Овие држави се менуваа со текот на времето како што се менуваа демографијата, проблемите и политичките партии.

Пенсилванија, Мичиген и Висконсин, со нивното големо население од работничката класа, историски гласаат за демократите. Сите три држави во 2016 година се превртеа и гласаа за Доналд Трамп, кој се спротивстави на трговските политики за кои рече дека и користат на елитата на сметка на работниците. Трамп вети дека ќе воведе царини за увезената стока и ќе ги врати работните места во производството.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Што ги разликува Харис и Трамп - американските претседателски кандидати?

Северна Каролина и Џорџија, од друга страна, историски гласаа за републиканците на претседателските избори, но трките во двете држави станаа многу потесни во последните години. Северна Каролина забележа прилив на луѓе од Њујорк и други држави кои историски гласаат за демократи, додека Џорџија забележа раст на процентот на обоени групи. Обоените Американци историски гласаат со огромно мнозинство за демократите.

Зошто тоа функционира така?

„Феноменот на одлучувачките држави е резултат на комплицираниот систем на изборни гласови на нацијата и на фактот дека во многу држави, на претседателските избори преовладувала иста партија“, изјави за Радио Слободна Европа, Дејвид Шулц, професор по политички науки на Универзитетот Хамлин во Минесота.

За разлика од повеќето други земји со претседателски систем, Соединетите Држави не го избираат својот лидер врз основа на резултатите од народното гласање. Наместо тоа, победникот се одредува според исходот на поединечните државни избори.

„Во Соединетите Држави, тоа се 50 посебни избори во секоја од 50-те држави, плус округот Колумбија, кои навистина на крајот гласаат за претседател на САД, рече Шулц.

Секоја држава ги доделува сите електорски гласови на кандидатот кој освоил најмногу гласови во таа држава. Секоја држава добива ист број на електори колку што има конгресмени и сенатори - колку е поголема државата, толку повеќе електори има. Победникот од гласањето на Пенсилванија, на пример, ги добива своите 19 гласови од електорите. На кандидатот му требаат 270 од 538 електорски гласови за да ја добие претседателската функција.

На секоја држава и се доделуваат електорски гласови врз основа на големината на населението. Алјаска, Северна Дакота, Јужна Дакота, Вермонт и Вајоминг имаат три електорски гласа како и округот Колумбија. Првите четири се Калифорнија, со 54 електорски гласови, Тексас со 40, Флорида, 30 и Њујорк, 28 електорски гласови.

Во 38 држави, иста партија добива мнозинство гласови на сите претседателски избори од почетокот на векот, честопати победувајќи со голема разлика. Само 12 држави се „превртеле“ барем еднаш од 2000 година.

Во некои држави, истата партија преовладуваше уште подолго. Гласачите во Минесота, на пример, го даваат мнозинството од своите гласови за демократскиот кандидат уште од 1976 година, додека во Тексас, републиканец победува од 1980 година.

„Во последните 40 години, државите се определија на некој начин. Некои држави имаат повеќе демократски гласови, некои држави имаат повеќе гласови за републиканците. И бидејќи партиската лојалност е толку силна, знаевме години пред изборите во 2024 година колку држави ќе гласаат“, вели Шулц.

Како изгледа сликата оваа година?

Харис може да смета на добивање најмалку 226 електорски гласови, победувајќи во државите Калифорнија, Илиноис и Њујорк, прогнозира 270towin.com, независна страница која ги собира анкетите и професионалните изборни проекции. Трамп најверојатно ќе добие најмалку 219 електорски гласови, кои преовладуваат во државите вклучувајќи ги Тексас, Флорида и Тенеси.

Тоа им остава на седумте одлучувачки држави, со нивните 93 изборни гласови, да го одредат исходот на претстојните избори.

На помалку од еден месец до крајот, Камала Харис беше во предност во четири држави, а Трамп во три, според анализата на анкетите на The Hill, медиум со седиште во Вашингтон, фокусиран на политиката. Но, маргините се тенки како жилет: Помалку од 1 процент од гласовите ги разделија кандидатите во пет држави, а помалку од 2 проценти во другите две, се наведува во извештајот.

Шулц рече дека 150 000-200 000 гласови во седумте одлучувачки држави - или околу 0,1 отсто од сите гласови што се очекува да бидат дадени, ќе одредат кој ќе влезе во Белата куќа во јануари.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Како се избира претседател на САД?

Тоа не би било без преседан. Вкупно 537 гласови во Флорида беа одлучувачки за претседателските избори во 2000 година, при што републиканецот Џорџ Буш го победи демократот Ал Гор.

Овогодинешната трка, сепак, повеќе наликува на изборите во 2020 отколку 2000 година во однос на клучните држави на „бојното поле“.

На изборите во 2020 година, демократот Џо Бајден лесно ги освои гласовите, добивајќи околу 80 милиони гласови наспроти 74 милиони на Трамп.

Сепак, државните податоци покажуваат дека изборите биле опасни. Бајден ги освои Џорџија, Аризона и Висконсин со вкупно само 44 000 гласачки ливчиња. Без тие држави, тој ќе имаше 269 електорски гласови, што ќе значеше тесна трка со Трамп и изборите ќе завршеа со гласање во Конгресот. Тоа се случило само еднаш, во 1800 година.

Кој е клучот за освојување на одлучувачките избори?

Победникот во сојузните држави, а со тоа и на генералните избори, често зависи од само неколку окрузи, како што се Марикопа во Аризона, Вејн во Мичиген и Браун во Висконсин.

„За мене, изборите навистина се сведуваат на неколку одлучувачки гласови во неколку окрузи во одлучувачките држави“, рече Шулц.

Пенсилванија, со своите 19 електорски гласови, е најважната од седумте сојузни држави. А округот Лакавана, со седиште во Скрантон, е клучното бојно поле, рече Шулц.

„Како што се одвива ситуацијата во Скрентон, така се обликуваат и американските претседателски избори“, напиша тој во пост на блогот „Substack“ минатиот месец.

„Во 2024 година округот Лакавана повторно ќе биде одлучувачкиот округ што ќе одредува дали Доналд Трамп или Камала Харис ќе биде претседател на САД“, заклучува Шулц.