Кој е нов во Брисел?
Жан Клод Јункер. Луксембург, претседател на ЕК: Долгогодишен премиер на Луксембург и претседател на еврозоната. Еден од архитектите на европската заедничка валута.
Франс Тимемрманс, Холандија, прв потпретседател на ЕК: Екс шеф на холандската дипломатија. Можеби најпознат по неговиот емоционален говор во ОН за строги санкции против Русија по соборувањето на малезискиот патнички авион во источна Украина.
Кристалина Георгиева, Бугарија, потпретседател задолжена за буџетот на ЕУ: Таа доби репутација како компетентна еврокомесарка за хуманитарна помош, но и претходно како претставник на Светската банка.
Андрус Ансип, Естонија, потпретседател за дигитален единствен пазар: Andrus Ansip, Estonia, vice president in charge of digital single market: Екс премиер на Естонија кој сега ќе биде задолжен интернет технологиите во ЕУ.
Валдис Домбровскис, Летонија, потпретседател задолжен за еврото: Како премиер ја водеше Летонија низ проблемите со рецесијата и мерките за штедење.
Јурки Катаинен, Финска, потпретседател задолжен за конкуренција, вработување и економски раст: Како екс премиер на Финска има импресивно економско портфолио. Се смета дека ќе биде поостар во фискалната политика од германската канцеларка Меркел.
Аленка Братушек, Словенија, потпретседател задолжен за енергетски прашања: Поранешната премиерка на Словенија сега биде задолжена и за решавање на сложените преговори меѓу Русија и ЕУ за испораките на гас.
Федерика Могерини, Италија, потпретседател задолжен за надворешна политика: Ја обвинуваат дека имала тесни врски со Москва што било евидентно откако во февруари стана шеф на италијанската дипломатија.
Јоханес Хан, ЕУ соседство и преговори за проширување: Во претходната ЕК беше комесар за регионална политика. Со најавата на Јункер дека за време на неговиот петгодишен мандат нема да има проширување на ЕУ.
Маргете Вестагер, Данска, ЕУ конкуренција: Потенцијално една од најсилните карти на Брисел против Москва во донесувањето одлуки во врска со руски Газпром на европскиот пазар.
Сесилија Малстром, Шведска, комесар за трговија: Таа ќе има тешка задача во преговорите за нов трговски договор меѓу ЕУ и САД, особно по скандалот со американско прислушување европски лидери.
Пјер Московици, Франција, економски и финансиски прашања: Поранешен министер на Франција за финансии кој ќе треба да балансира со јастребите во ЕК кои бараат поостри мерки за штедење.
Џонатан Хил, Британија, финансиски услуги: екс лидер на Горниот дом на британскиот парламент и обид на Јункер да ги одоброволи евроскпетиците во Лондон.