Вештачка интелигенција на скопска клиника – сојузник на хирурзите
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
На иницијатива на доктор Стефан Арсенков, специјалист по абдоминална хирургија, во Универзитетска клиника „Св.Наум Охридски“ во Скопје речиси две години се изработуваат 3Д реплики на внатрешни органи на пациенти. Направени се со помош на вештачка интелигенција, а се користат за планирање пред комплексни операции. За овој млад доктор, вештачката интелигенција е сојузник, а не закана за професијата.