Улогата на Вагнер една година по смртта на Пригожин

На 23 август помина една година од драматичната авионска несреќа во која загина озлогласениот инсајдер на Кремљ, Евгениј Пригожин и неколку други клучни фигури на платеничката група Вагнер.
Загинувањето, официјално несреќа, но се верува дека е атентат извршен по налог на рускиот претседател Владимир Путин како одмазда за краткиот бунт предводен од Пригожин два месеци претходно, ја остави иднината на влијателната група Вагнер во воздух. Една година подоцна, руските функционери сè уште се зафатени со определување на местото на Вагнер во владеачкиот систем на Путин.

Видете и ова: Кремљ го задолжи поранешниот командант на Вагнер да формира доброволни борбени единици

Еве преглед на она што се случуваше:

Вагнер во голема мера е реконституиран во Африкански корпус.
По смртта на Пригожин, групата Вагнер се распадна, при што некои елементи беа инкорпорирани во руската воена разузнавачка агенција ГРУ, некои се приклучија на Националната гарда, а други дејствуваа како дел од чеченскиот Ахмат, единица на специјални сили.

Поранешен припадник на Вагнер во чеченската единица Ахмад.

Сепак, политичкиот аналитичар Марк Галеоти, коавтор на новата книга за подемот и падот на Пригожин, од Институтот Брукингс, на 20 август тврдеше дека елементите вклучени во ГРУ сè уште „се обидуваат да водат комбинирана дипломатска, комерцијална и воена структура, додека тие имаат само вештина да го водат второто“.
Со преземањето на ГРУ, операциите на Вагнер генерално беа реконструирани под чадорот за целата руска платеничка работа во Африка -Африканскиот корпус. Називот има голема сличност со името за нацистичките операции на тој континент за време на Втората светска војна.

Африкански корпус

Во исто време, Вагнер се уште има големо присуство во Украина. Според истражувачот Џон Лехнер, односот меѓу Вагнер и руската држава во голема мера е определен од тоа на кое поле работи Вагнер.

Маѓ држи знаме на Вагнер во Нигер, 26.08.2023


Целта на новоформираниот Африкански корпус, кој се смета за терористичка група од Соединетите Држави, е да создаде зависност на режимот од Русија преку безбедноста што ја обезбедува, велат експертите. Според Ванда Фелбаб-Браун, виш соработник во Институтот Брукингс, тоа системски ја поттикна поларизацијата во земјите каде што работи во Африка, предизвика насилство, економска инфилтрација и ги користи организираните криминални групи.

Операции на Африканскиот корпус

Иако ГРУ сè уште ја воспоставува својата контрола врз целиот опсег на операциите на Вагнер, Африканскиот корпус ја проширува својата активност на континентот. Во Либија, Централноафриканската Република (Ц.А.Р.) и Мали, Африканскиот корпус ги продолжи операциите што беа иницирани од Вагнер во годините пред тоа.

Но, во изминатата година, Африканскиот корпус почна да ги раздвижува своите мускули во Буркина Фасо и Нигер, со проширување на персоналот што го зголеми своето присуство во секоја земја на повеќе од 100, според Кристофер Фокнер, професор на Американскиот поморски воен колеџ.

Видете и ова: Руските сили влегоа во воена база со американски војници во Нигер


Во Централно Африканската Република, успехот на Вагнер беше олеснет бидејќи се соочи со релативно слаби локални групи. Меѓутоа, во Мозамбик, каде што се бореше против слабиот Ал Шабаб, неговата операција во голема мера се сметаше за неуспешна, рече Фелбаб-Браун.

Влегувањето на Африканскиот корпус во Буркина Фасо, кое дојде по смртта на Пригожин, беше обид да го продолжи своето влијание, бидејќи ГРУ почна да ја преоценува својата улога на континентот. Како што продолжува оваа проценка, се чини дека Африканскиот корпус се подготвува да влезе и во Демократска Република Конго.

Иднината на Африканскиот корпус

Според Фелбаб-Браун, руската влада веќе потпишала воени договори со владата на Конго. Покрај тоа, владата на Сао Томе и Принципе, мала островска земја во близина на западниот брег на Африка, се доближува кон Русија. Таа сигнализираше дека сака да испрати војници во руската академија за обука во Чеченија. Слично на тоа, Русија почна да поништува и реструктуира големи делови од долгот што ѝ го должи Гвинеја Бисау.

Руското влијание во Гвинеја Бисао, една од најмалку развиените земји во светот, ќе ја стави Москва на дофат на раката за масовната трговија со кокаин во Гвинеја Бисао, каде што дејствуваат многу организирани криминални групи и од Африка и од Латинска Америка, според Фелбаб-Браун.

Руските разузнавачки агенции продолжуваат да ги зајакнуваат нивните воспоставени врски со транснационални криминални организации, тврди Фелбаб-Браун, во еден неодамнешен труд.