Силувана Украинка вели дека нејзиниот глас е оружје против воените злосторства
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Жените кои биле силувани за време на војните во Украина и Босна и Херцеговина велат дека одбиваат да бидат гледани како жртви. Во новиот документарен филм „Преживеав“ од Current Time и Балканскиот сервис на РСЕ, една Украинка вели дека сака силувачите и нивните команданти да бидат казнети, вклучително и рускиот претседател Владимир Путин.