Соединетите Држави го ставија градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко на „црната листа “ на лица на кои им се забранува влез во САД. Во соопштението од Стејт Департментот е наведено дека причината за тоа е неговата вмешаност во голема корупција.
„Додека ја извршуваше функцијата градоначалник на Струга, Мерко присвојувал средства и се мешал во судските и другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции и во функционерите на Северна Македонија“, пишува во соопштението на Стејт Департментот.
Видете и ова: Агелер - Во следните месеци ќе видиме „едно или две имиња“ на црната листа на САД
Во него е наведено дека денешната акција испраќа порака дека Соединетите Држави стојат со Северна Македонија за поттикнување на стабилноста преку зајакнување на демократските институции и решавање на недостатоците во владеењето на правото.
„Оваа порака ја потврдува посветеноста на Соединетите Држави за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефикасно да одговорат на потребите на својот народ“, се вели во соопштението од Стејт Департментот.
Видете и ова: Актуелни функционери може да се најдат на црната листа на САДСанкцијата се однесува и сопругата на Мерко, Шпреса, и неговите три возрасни деца, Генц, Назмије и Дренуша. Потесното семејство на Мерко се смета за „неподобно“за влез во Соединетите држави.
Американската амбасадорка во Скопје Ангела Агелер на својот официјален профил на Твитер по објавата на Стејт Департментот напиша дека дека граѓаните во Северна Македонија заслужуваат функционери со интегритет, и систем кој ќе покаже одговорност.
„САД ќе продолжи да ги повикува на одговорност сите оние, без разлика од која политичка партија се, кои го поткопуваат владеењето на правото, заканувајќи му се на прогресот и стабилноста на Северна Македонија. Градоначалникот Мерко е првиот, и очекуваме да има повеќе. Корупцијата има последици“, напиша Агелер на Твитер.
Американската амбасадорка во Скопје, Ангела Агелер пред неколку месеци ја најави црната листа на САД на која ќе се најдат имиња на функционери вмешани во корупција. Во декември минатата година земјава престојуваа тим на американски истражители за санкции од Вашингтон кои ги истражуваа можните случаи на корупција во кои се вмешани високи македонски официјални лица. Струшкиот градоначалник Мерко е првиот кој се најде на оваа листа на кој му е забранет влез во САД.
Видете и ова: САД го зголемуваат притисокот против корупцијата во Македонија и на БалканотВо април минатата година Министерството за финансии на САД објави листа на санкционирани лица и ентитети од Западен Балкан, на која се ставени и поранешниот премиер Никола Груевски и екс шефот на УБК Сашо Мијалков, со што на нив и на членовите на нивните семејства им се забранува влез во САД. На листата на санкции е ставена и фирма на Груевски регистрирана во Унгарија.