Господине Спасоски, СДСМ поднесе предлог Законот за бранители. Во време кога вие бевте власт, таков предлог закон предложи и лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, но, не се донесе. Која е разликата меѓу предложените законски решенија на СДСМ и Ангелов?
Да, ние поднесовме предлог закон со кој сметавме дека треба да се затвори ова прашање, што предолго е отворено, каде семејствата на починатите бранители не се обештетиле каде треба да влезат во оваа категорија и оние кои ги дале својот живот во некои незгоди кои се случија, трагедии како хеликоптерската несреќа и друго. И во суштина многу е важна политичката волја и што е можно поголем консензус. И ова е причината зошто сега ние го поднесовме. Бидејќи имавме јасно изразена волја и од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, СДСМ, кои сметаат дека треба да се донесе ова законско решение. Воопшто не е важно дали имаме одредени разлики во одредбите, веројатно не се исти законите кои биле поднесени и претходно. Законот кој го поднесе ВМРО-ДПМНЕ е од почетокот на годината, ова е сегашно законско решение. Тие законски решенија можат да претрпат и промени низ процедура кои би биле во функција на подобрување на законскиот текст и во функција на негова реализација која може до крај да ги опфати работите. На крајот на краиштата, ако Собранието го донесе ова законско решение, преку примената, како и секој друг закон се утврди дека има одреден проблем тоа може да биде променето.
Видете и ова: Десет закони по скратена постапка одат во натамошна собраниска процедураЗошто како предлог законско решение во ваше време не се изгласа тогаш?
Затоа што не се создадоа услови. Вие знаете и законскиот текст кој го предложи ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на годината и тој се најде на дневен ред на собранието во тоа време, набргу дојдоа изборите се распишаа. Не можевме да го носиме како законски текст. Сега сметавме дека е добро на почетокот на мандатот кон решението на ова прашање како што има и низа на други прашања кои ќе ги отвораме во нареден период за кој сметаме дека треба да донесе македонското собрание.
Изминуваат сто дена од новата Влада. Дали сметате дека пратеничката група на СДСМ е доволно гласна како опозиција во законодавниот дом?
Од аспект на пратеничката група, морам да кажам дека ние апсолутно сериозно и посветено работиме во овој дел, за да може преку понуди на одредени законски решенија да укажеме на се она што е негативно или ни се случува. За волја на вистината, нема ниту доволно предлози кои го понуди владата и парламентарното мнозинството за кои може да разговараме. Имате доставување на законски текстови, започнување на процедура во Собрание, добиваме известување дека 11-12 законски решенија се повлечени, па се прави доработка. А се сеќавате за носењето на Законот за организација и работа на органите на државната управа со о која се зголеми бројот на министерствата правдајќи се дека на тој начин ќе се реализираат владините политики.
Кога го спомнавте унгарскиот кредит, ставот на вашата партија е дека тој е коруптивен. На што се должат ваквите тврдења?
Ние ги кажавме нашите аргументи зошто сметаме дека ваквото задолжување е кое беше договорено вонинституционално, вие имате партија и лидер во опозиција кој најавува и преговара дека ќе има одредено задолжување од милијарда евра од европска држава. Сите договори се одвиваа вонинституционално.
Видете и ова: Орбан: Заемот за Северна Македонија не се кинески, туку европски париТоа покажува дека сите работи што се прават вонинституционално не се во интерес на државата. Второ, укажувавме и на одредбите кои стојат во делот на провизиите и трошоците кои воопшто не се дефинирани во законскиот текст и можат да бидат од до одредена сума која секако може да биде коруптивна. Најважно е што сите сомнежи дека тоа се пари од Кина, кои ги има земено Унгарија и понатаму се пласирани во државата. И во тој аспект, сметаме дека апсолутно ниту е добро, ниту е поволно, ниту ќе допринесе за подобрување на животниот стандард на граѓаните.
СДСМ неретко излегува со став дека ДУИ им помага на ВМРО-ДПМНЕ за носењето на одредени законски решенија. По смената на власта, какви се вашите релации со ДУИ?
Неретко ДУИ и помага на ВМРО-ДПМНЕ, а не дека СДСМ излегува неретко со ставови. Ние само ги гледаме потезите кои се влечат во Собранието во овој период. И врз основа на тоа што се прави, ние излегуваме со ставовите. Вие се сеќавате дека премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по завршување на изборите и формирањето на владата дека ДУИ е минато во македонската политика и за ништо не се прашува и да одлучува. Ако сакате еден дел од македонските граѓани дадоа поддршка на ВМРО-ДПМНЕ токму поради ваквиот пристап кон ДУИ. Дека тоа е партија која е целосно дефакторизирана. А ние во суштина имаме формирање на влада, дури и пред да се формира, веднаш имавме прва успешна средба и соработка или преговори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кои се одвиваа во законодавниот дом, а се однесуваа за поддршка на Законот за организација на органите на државната управа.
Видете и ова: Собранието изгласа, ќе нема предвремени избори во Аеродром, Гостивар и СарајВториот пат е гласањето за Законот за локална самоуправа кој треба да се донесе со двотретниско мнозинство, кое е целосно го девастира уставниот поредок во државата. Како партија, СДСМ е секогаш отворена за соработка за прашања од интерес од државата. За многу од прашањата ќе најдеме заеднички јазик, за многу може нема да се усогласиме бидејќи има причини, дали се идеолошки, економски, политички, но дебата треба да има и треба да се разговара.
Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е поставена на едни многу добри односи поставена и мене нема да ме изненади и за очекување ми е ДУИ да биде сигурно дел од владата.
Кога се донесоа измените на Кривичниот законик, изјавивте дека ги гледате како можност за поголема ефикасност кон кривичните дела, а не како проблем. Претседателот на СДСМ, Филипче неодамна изјави дека е згрешено со измените на Кривичниот законик. Од оваа временска дистанца, останувате на истиот став или се согласувате со него?
Ако разговараме за носењето на ова законско решение, и тогаш и сега сметав дека нема потреба да го носиме тоа законско решение, бидејќи од една страна зголемувањето на ефикасноста во постапката која ќе се води или да се детерминираат кривичните дела според елементите на кривичното дело и да не се оди со едно кривично дело, не донесе ништо добро за државата. Затоа сметам дека тоа законско решение апсолутно не требаше да биде донесено.
Повеќе во интервјуто.