Оружјето што Северна Кореја може да ѝ го обезбеди на Русија
Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на 13 септември го посетија космодромот Восточни на далечниот исток на Русија.
Состанокот доаѓа во време кога руската инвазија на Украина продолжува да го согорува арсеналот на Кремљ и еден месец откако Ким ги повика производителите на оружје во неговата земја „драматично да го зголемат“ производството.
Ким и Путин се ракуваат за време на средбата на 13 септември.
Путин речиси потврди дека ќе бара договор за вооружување со Северна Кореја, одговарајќи на прашање за воената соработка.
„Ќе разговараме за сите прашања без брзање. Има време“, рече тој.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на 12 септември рече дека „природно, како соседи, нашите земји соработуваат во одредени чувствителни сфери кои не треба јавно да се откриваат или објавуваат“.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун (втор од десно) стои покрај возила за лансирање балистички ракети со краток дострел на фотографијата објавена на 14 август.
Целосната руска инвазија на Украина доведе до илјадници уништени или заробени тенкови и оклопни возила на Москва. Кремљ изгуби и најмалку стотици ракетни артилериски и други системи за оружје, како и голем број борбени авиони и хеликоптери.
Киев се соочи со слични запрепастувачки загуби на опрема, во однос на големината на неговата војска, но досега доби милијарди долари воена помош од Западот.
Фотографија објавена во март 2016 година покажува артилериска вежба на плажа во Северна Кореја.
Администраторот на популарниот налог за следење оружје Калибар Обскура (Caliber Obscura), за РСЕ изјави дека Кремљ се среќава со Ким, кој има значаен арсенал, бидејќи „можеби станува јасно дека руското домашно производство на [оружје] е недоволно за војната, и може да биде многу тешко или да биде потребно време за да се зголеми“.
Северна Кореја тестира ракети во март.
Воениот буџет на Русија за 2023 година, наводно, се искачи на повеќе од 100 милијарди долари, што сочинува една третина од сите државни трошоци, но нејзината способност да произведува оклопни возила и муниција во моментов е далеку под бројките што се губат во Украина. Во 2022 година, се проценува дека Русија истрелала повеќе од 10 милиони артилериски гранати на бојното поле. Земјата, наводно, е способна да произведе најмногу околу 2 милиони артилериски куршуми годишно.
„Пон'гае 5“, ракета земја-воздух од севернокорејско производство слична на рускиот С-300, која за првпат беше видена во 2010 година.
Многу нешта остануваат непознати во врска со таинствениот воен капацитет на Северна Кореја, но извештајот од Меѓународниот институт за стратешки студии од 2021 година проценува дека земјата има околу 4.000 тенкови, 2.500 оклопни возила, 550 борбени авиони и 5.500 поврзани ракетни фрлачи. Поголемиот дел од арсеналот е или дизјаниран или од советско производство, или, пак, компатибилен со истото оружје дизајнирано од Советскиот Сојуз што го користи Русија.
Војници пукаат со хаубица од 152 милиметри произведена од Северна Кореја во октомври 2022 година.
Од Калибар Обскура за РСЕ вела дека Русија најверојатно ќе бара муниција за ракетна и топовска артилерија, како и потенцијално некои материјали за изработка на гранати. „Можно е да се извезат и балистички ракети“, додадат.
Севернокорејски тенкови на воена парада во јули.
Оружјето направено во сиромашната азиска земја е оценето, од некои аналитичари, како несигурно по инцидентот во 2010 година кога Северна Кореја лансираше околу 170 ракети и гранати кон јужнокорејски цели на островот Јеонпјеонг. Според извештаите на Јужна Кореја, помалку од половина од испуканите проектили го погодиле островот. Од оние што го погодиле, околу една четвртина не успеале да детонираат.
Самоодни артилериски возила пукаат во морето од Северна Кореја кон крајот на 2016 година.
Од Калибр Обскура велат: „Тешко е да се биде сигурен во [влијанието што може да го има севернокорејското оружје], но зголемената достапност на муниција за руската артилерија, или делови и [материјали] за да подолго трае артилериското пукање, сигурно ќе ги отежни работите за Украина“.
Ракетни системи маскирани како цивилни камиони продефилираа во Пјонгјанг на 8 септември. Горните панели на возилата се покриени со вреќи што личат на градежен материјал.
Оклопни овзила произведени од Северна Кореја, парадираат во Пјонгјанг во јули 2013 година.
Се чини дека состанокот на 13 септември значително ги подобри врските меѓу двете меѓународно изолирани земји, при што севернокорејскиот лидер Ким им рече на новинарите: „Ние секогаш ја поддржувавме секоја одлука што ја носи претседателот Путин или руската влада“.
Белата куќа повеќепати ја предупреди Северна Кореја да не склучува каков било договор за оружје со Русија, што би ги прекршило неколкуте резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации.