Прослави во Сирија, Блискиот Исток и европските градови по падот на Асад

Сиријците слават во близина на Саат-кулата во градот Хомс, откако бунтовничките сили во текот на ноќта влегоа во тој град,  трет по големина во Сирија.
 

Жена вика од среќа додека Сиријците слават во Хомс.

 

Сиријците во Алепо го слават падот на сириската влада.

Опозициските борци во Дамаск.

Офанзивата на бунтовниците беше предводена од сунитската група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), која САД и ЕУ ја сметаат за терористичка организација. Во последниве години, ХТС ги прекина врските со Ал Каеда и се обиде да се трансформира во прагматична алтернатива на сириската влада, иако останува загриженоста за наводните прекршувања на правата и врските со терористичките групи.
 

Прослави во Бејрут откако сириските бунтовници објавија дека го собориле Асад.

Сиријците во Турција слават пред џамијата Фатих во Истанбул.

Припадниците на сириската заедница во Финска слават носејќи го на грб знамето што го користи сириската опозиција.
 

Прослава на Сиријците на плоштадот Сергел во Стокхолм, Шведска.
 

Жена во Бон држи срце во боите на знамето на сириската опозиција, додека сириските бегалци го слават соборувањето на Асад.
 

Припадници на сириската заедница во Берлин.

Членови на сириската заедница во Никозија, Кипар.
 

Поддржувачите на сириската опозиција го веат знамето на сириската опозиција, познато и како знаме на револуцијата, и извикуваат слогани за време на собирот што го свика групата „Сириска кампања за солидарност“ на плоштадот Трафалгар, во центарот на Лондон.
 
 

Припадници на сириската заедница во Париз.
 

Жена со знаме на сириската опозиција насликано на лицето.

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека во Сирија е време за единство, мирна политичка транзиција и крај на борбите.