Притворањето новинари драстично ја влоши слободата на медиумите во Киргистан
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Пред Светскиот ден на слободата на медиумите на 3 мај, Комитетот за заштита на новинарите со седиште во Њујорк, повторно повика на ослободување на четворица киргистански новинари кои беа приведени во јануари и обвинети за поттикнување масовни немири. Новинарите се сите сегашни или поранешни вработени во онлајн медиумската групација Темиров Лајв, која е позната по антикорупциските истраги.