Локалните руски цивили во регионот Курск во неизвесност по упадот на украинците
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Три недели откако украинските трупи извршија ненадеен упад на руска територија, локалното население во регионот Курск го сподели својот гнев поради неочекуваниот пресврт што ја донесе војната во нивните домови. При посетата на рускиот пограничен град Суџа организирана од украинското Министерство за одбрана, новинарите на РСЕ разговараа со жителите кои се поделени околу тоа дали да останат во родниот регион под странска контрола.