Лепенец се дави во отпад на Косово

Лепенец, како и другите реки во Косово, се соочува со континуирано загадување и деградација.

Пластични шишиња, лименки и друг отпад покрива дел од оваа река во Качаник.

Оваа локација кај локалните жители е позната по собирањето на отпадот

Поглед на шутот насобран во реката Лепенец.

Во течението на Лепенец се изградени неколку хидроцентрали.
 

Реката Лепенец е една од најпогодените реки од загадување.

Таму се слеваат и канализации и ѓубре.

Извештајот на организацијата Д-плус, „Политиката во пракса – предизвици од загадувањето на реките и управувањето со отпадот во Косово“, од 2023 година, покажа дека незаконската експлоатација на чакал, испуштањето отпадни води од граѓаните и деловните субјекти во реките, многубројниот отпад во речните текови и инертниот отпад покрај нивните брегови, се главните фактори кои ги деградираат главните природни добра на Косово.
 

Вадењето чакал од реките во Косово е забрането од 2016 година

Законот за вода на Косово предвидува дека вадењето чакал од лиценцирани оператори е забрането поблиску од 150 метри од природното корито на реката.

Според овој извештај, најголемо загадување на реката предизвикува испуштањето на отпадни води од домовите и деловните простории, „островите“ од пластични кеси и друг отпад.

Подобрувањето на состојбата, според извештајот, е тешко бидејќи буџетот за секторот води е недоволен.
 

Затнување на реката со ѓубре