Ситуацијата вонредна, тоалетна хартија обезбедена

Илустрација

Владата прогласи вонредна состојба, има препораки за држење дистанца од други луѓе за да се спречи ширењето на новиот коронавирус. Купувањето залихи брашно, зејтин и тоалетна хартија продолжува. Вишокот слободно време луѓето го користат за духовити досетки на социјалните мрежи. Само ретки предупредуваат дека вонредната состојба значи и намалување на човековите права.

Хуморот е најдобар лек во тешки времиња. Се разбира после вистинскиот лек, а зашто лек од коронавирусот засега нема, најпаметно е да се почитуваат препораките на здравствените власти – често миење раце, кашлање или кивање во внатрешната страна од лактот и држење дистанца од други луѓе.

Во време кога владата прогласи вонредна состојба во обид за го запре ширењето на новиот коронавирус, а голем дел од луѓето се во изолација или самоизолација, со духовити забелешки на социјалните мрежи се храбрат и себе си и другите.

Некои велат почнуваат да ни недостигаат времињата кога слободно се ракувавме со познаниците и се гушкавме со пријателите. Други, пак, ликуваат што конечно може да им забрануваат на родителите да излегуваат од дома. Болеста е многу поопасна за повозрасните граѓани и оние кои имаат хронични болести.

Но, не треба да се потпираме на статистиката, рече српскиот инфектолог Миомир Пелемиш.

Велат, дојде време на интровертите кои уживаат во самотијата. Сепак, некои едвај издржуваат.

Ситуацијата можеби е вонредна, ама столицата е редовна. Среќа што се обезбедени залихи од тоалетна хартија... за до 2050 година.

Фронтменот на познатиот рок бенд У2, Боно, напишал песна за коронавирусот посветена на Италија, која во моментов е најпогодена земја од пандемијата. Сепак, и Македонија има таленти.

Во време на колективен страв од ширењето на вирусот, ретки се оние кои предупредуваат дека вонредната состојба значи и ограничување на човековите права и слободи и оти не треба да ѝ се дозволи на власта „да се занесе“ во својата моќ. Дури и претседателот Стево Пендаровски, при прогласувањето на вонредната состојба, рече дека очекува владата да „биде на висина на задачата и на искушенијата“.