Неговото име во последно време се споменува во врска со Универзалната сала, која по две години пауза, продолжи да се реновира според проект што тој го донираше на градот. Архитектот Бујар Муча вели дека негативните аукции го натерале на овој чекор, но секако го погодило тоа што се најде среде политичка кавга, па дури беше напаѓан и самиот проект. За архитектурата во Скопје вели дека станала забава за милиони па секој мисли дека може да проектира, а најмногу политичарите.
Нашите колеги, архитекти, кои веројатно повеќето починати, кои ја воделе архитектурата на градот и државата во времето на Социјалистичка Република Македонија го имале целиот дигнитет на професијата и целата слобода да одлучуваат. Тие не се некои паднати од вселената, тие се нашите дедовци, татковци. Значи не може да сме полоши од нив. Полошо е само опкружувањето во кое ние ја практикуваме архитектурата. Дајте ни опкружување во кое политичарите си бркаат својата работа и не се занимаваат со проектирање, тогаш ќе не видите вистинските нас.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Во Скопје сега се градат само станбени згради и трговски центри. Дури и саемот беше урнат за да се изгради трговски центар. Нема нови големи, значајни објекти. Скопје нема конгресен центар, концертна сала, современ Клинички центар...
Кога нема профит, ниту властите не се заинтересирани да градат.
Но затоа го добивме Скопје 2014. Архитектот Муча смета дека овие објекти е многу тешко да се срушат иако нам ни е толку грдо, но веројатно на многумина им се допаѓаат. Тој не е толку загрижен за изгледот на објектите, колку што Скопје 2014 го замре животот во центарот на градот.
Тие објекти го упропастија движењето во градот. Инаку може само да им се сменат фасадите. Но центарот на градот стана мртов простор. Наместо шеталиште, стана умиралиште
Бетонизација, уништување на зелените површини, нехумана урбанизација... Ова се најчестите критики за она што се гради во Скопје и во градот станува се потешко да се живее. Муча смета дека оваа урбанистичка офанзива ќе престане во момент кога ќе се случи нешто на економски план што ќе го направи градењето неатрактивно. Голема потреба од станбена изградба или од трговски центри и сега нема. Но ќе се гради се додека има профит од тоа.
Видете и ова: Се „гуши“ ли Скопје од трговски центри среде беспарица и бетонСлушајте не, следете те го поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај и Јутјуб, Ејпл. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи.