Во клучниот украински град Покровск наредена евакуација поради рускиот напад
Украинците се збогуваа со своите најблиски на железничката станица во Покровск на 30 август, каде што воените линии на фронтот сега се на помалку од 10 километри.
Зеленски, во своето вечерно обраќање на 30 август, го нарече Покровск како една од најпредизвикувачките области во овој момент во војната.
Напорите за евакуација се забрзуваат во источна Украина бидејќи руската војска се приближува до Покровск, суштинска точка за снабдување и засилување за украинските трупи на линијата на источниот фронт.
Пред војната, Покровск броеше население од околу 60.000 луѓе. Денес, тоа е сведено речиси на половина.
Илја (7) и неговата сестра Валерија (3) шетаат по железничката платформа со своите родители. По потекло од Доњецк, семејството беше принудено да се евакуира од својот дом по трет пат.
„Се ќе биде добро“, низ солзи му вели Катерина на својот кум Јарослав. Таа и нејзиното семејство сега се евакуираат од Покровск, додека семејството на момчето планира да замине подоцна.
Далечниот звук на артилерискиот оган го засилува чувството на итност додека постара жена е натоварена во возот за евакуација.
Млада жена плаче додека се збогува со членовите на семејството.
Доколку падне стратешки важниот град Покровск, тоа би можело да ја ослабне одбраната на Украина и да послужи како порта за понатамошен руски напредок.
Членовите на семејството и пријателите го прават симболот на срцето додека возот за евакуација поаѓа од платформата.
Жена се бори да ги задржи солзите во возот за евакуација.
Виталина вели дека не верува дека нејзиното семејство некогаш ќе се врати во Доњецк.
„За да ги спасам животите на децата и мојот, подобро е да заминам сега отколку подоцна“, рече таа и додаде: „Тоа е страшно за децата“.