Камбери, побаравте од епископот Јаков Стобиски да се извини за своите јавни настапи и ставови, во кој како што велите, препознавате дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. Отецот рече дека нема намера тоа да го стори, па дури и да биде суден. Ќе поднесете ли барање за прекршочна одговорност?
Комисијата постапуваше по претставка на граѓаните против епископот за неговото излагање на одредена телевизија и други трибини во јавноста. Комисијата смета дека епископот се служел со вознемирувачки говор што на некој начин ја дехуманизира целата група, кој било припадник на ЛГБТ- и заедницата. Главниот проблем за нас во неговото излагање е дека трансродовите лица ги нарекува дека се со ментално растројство, а негов аргумент беше дека се користи со дијагноза на Светската здравствена организација. Но, кога ја проверивме таа дијагноза видовме дека таа дијагноза е застарена и е преместена во сексуални болести. И оттука сметавме дека таквиот говор прави дополнителна стигма кон овие лица. И затоа дадовме препорака во рок од 30 дена епископот да се извини и во иднина во неговите јавни настапи да се воздржи од содржини кои би можеле да ја вознемират оваа група. И морам да напоменам, читам во одредени портали дека ние сме забраниле јавни настапи на епископот, што не е точно, Комисијата во никој случај не може да забрани јаен настап на кое било лице.
Црквата протестира, власта вели само се дебатира – Што е спорно во законите за „род“?
Но, не ми кажавте дали ќе поднесете барање за прекршочна одговорност за епископот Стобиски?
Доколку во рок од 30 дена не се извини, што мислам дека веќе имаше изјава дека тоа не планира да го нарави, што е негово право, тогаш Комисијата согласно своите надлежности ќе поведе прекршочна постапка.
Но, дали не е ова на некој начин исто така дискриминација од ваша страна во однос на црквата, и она што таа сака да го каже како свој став?
Не, воопшто. Ние промовираме и сметаме дека е продуктивно во едно општество да има дебата. Се додека има дебата, нема да има простор за конфликти помеѓу кои било спротиставени групи. Слободата на говор или кое било право што ни е дадено завршува до моментот кога ние со нашето право повредуваме некое туѓо право. Тоа според Европската конвенција за човекови права се вика злоупотреба на правото.
Видете и ова: Поглаварот на МПЦ- ОА г.г. Стефан - Жените не сакаат лажна еднаквост и лажни праваВо годишниот извештај за работата на комисијата се пофаливте со тројно зголемување на бројот на поднесени претставки. Во кои области има најголеми прекршувања на човековите права?
Од 255 претставки во 70 е утврдено дискриминација, од тие 70, 36 се кон ЛГБТ-и заедницата и тие најчесто се однесуваат во областа на медиумите и јавното информирање, особено на социјалната мрежа фејсбук каде што се забележува дека и поистакнати членови на нашето општество ги деградираат и вознемируваат претставниците на оваа заедница.
Во период на затегнати односи со Бугарија, колку од претставките кои сте ги добиле се од бугарски државјани кои се жалат на говор на омраза или повреда на правото на бугарска самосвест?
Тука многу е важно да се направи дистинкција помеѓу вознемирувачки говор и говор на омраза. За говор на омраза се предвидени неколку дела во Кривичниот законик и тука јавниот обвинител има надлежност да постапува. Кога зборуваме за вознемирувачки говор, тука секако ние сме надлежни. Во однос на вашето прашање, имаме 46 претставки од граѓани со бугарска самосвест коишто живеат во нашата држава и од нив 36 се поднесени од едно здружение, додека другите се поднесени од физички лица. Во однос на претставките коишто ги поднесува здржението, 99 проценти се однесуваат на вознемирувачки говор на социјални мрежи, од различни лица, тие лица може да бидат обични или поеминентни личности во јавноста и од тие случаи во 4 утврдивме постоење на вознемирувачки говор, а во други случаи сме се прогласувале за ненадлежни ако имало говор на омраза или сме ги отфрлиле поради непотполна документација.
Видете и ова: Стејт департмент - неказнивост, дискриминација и корупција во МакедонијаСтејт департментот во својот последен извештај забележува дека Ромите се најпогодени во областа на етничката дискриминација. Што прави комисијата за заштита на оваа заедница и подобрување на состојбата?
Главните проблеми беа во образованието во поглед на сегрегација, пристап до чиста вода за пиење, базени и пристап до гинеколошки услуги во Шуто Оризари. Во поглед на пристап до вода, општина Кавадарци на пример ја исполни нашата препорака, што ми е мило, бидејќи целата на Комисијата не е да казнува, туку да ја исправи нееднаквоста во кој било сегмент од општеството. Во поглед на сегрегација во соработка со Совет на Европа, народниот правобранител и други институции правиме Акциски план за да го решиме тој проблем. Во поглед на гинеколошките услови, во моментот Министерството за здравство има убава програма каде што специјализира луѓе гинеколози токму во таа ординација, така што во моментот, жените Ромки имаат пристап до гинеколошки услуги во општина Шуто Оризари.