Шармин Хабиби се сеќава на околностите на убиството на нејзиниот сопруг од рацете на иранските безбедносни сили. Но, таа може да зборува и за кој било друг од демонстрантите кои загинаа низ целата земја за време на бруталната државна акција против неистомислениците во текот на изминатата година.
„Ми рекоа дека не го убиле, дека сигурно имал непријател, дека ниту еден полицаец не пукал, ниту пак бил испукан куршум“, изјави Хабиби за Радио Фарда на РСЕ, раскажувајќи за смртта на нејзиниот сопруг Ферејдун Махмуди.
Повеќе од 500 демонстранти ја платија цената поради тоа што го изразија својот гнев за смртта на Махса Амини, млада Иранка која почина во полициски притвор во Техеран на 16 септември 2022 година, откако беше приведена поради наводно кршење на контроверзниот закон за хиџаб во земјата.
Триесет и двегодишниот Махмуди беше меѓу првите што загинаа и првиот во родниот град на Амини, Сагез, во северозападната провинција Курдистан поради неговата поддршка на она што започна како локален повик за истрага за сомнителната смрт на 22-годишната Иранка.
Кога властите одговорија со сила и јасно ставија до знаење дека нема да толерираат никакво несогласување, протестите брзо се проширија додека десетици илјади луѓе излегоа на улиците низ целата земја.
Видете и ова: Иранските власти бараат семејството да ги обвини медицинските лица за смртта на Махса АминиМесечните протести започнаа како укор против бруталното спроведување на хиџабот, клучниот столб на Исламската република. Но, тие набрзо се претворија во едни од најмасовните антивладини демонстрации против иранската теократија, при што некои демонстранти повикаа на крај на таквото владеење, барајќи ги нивните социјални и политички слободи.
Најмасовните протести и најсмртоносните репресии за време на демонстрациите се случија во регионите кои се дом на етничките малцинства, вклучувајќи ги Курдите, Азербејџаните и Балучите, кои имаат долгогодишни несогласувања со државата.
Жени, живот, слобода!
Само неколку часа откако Амини беше приведена од иранската полиција за морал на 13 септември 2022 година, таа лежеше во кома во она што всушност било нејзина смртна постела во болница во Техеран.
Како од посета со нејзиното семејство на иранскиот главен град, таа стигна до тоа да биде закопана за само една недела, е прашањето што предизвика повеќемесечни немири низ државата.
Врз основа на изјавите на очевидци, нејзиното семејство тврдеше дека Амини била претепана од полицијата за морал додека била однесена во притвор во Техеран. Семејството, исто така, ги отфрли тврдењата на официјалните лица дека таа паднала во кома по расправија со чуварите поради постоечка здравствена состојба. За време на нејзиниот краток престој во болницата Касра во северен Техеран, сликите од нејзиното крвавење од едно од нејзините уши фрлија дополнителни сомнежи во официјалните извештаи.
Откако ја слушнаа веста за смртта на Амини, десетици луѓе се собраа во близина на болницата, барајќи одговорност за како што велат убиството од свештеничката власт, која пред само неколку недели вети дека ќе ги казни прекршителите на законот за хиџаб.
Видете и ова: Што работи моралната полиција во Иран?Демонстрантите вклучително и жени кои го тргнаа својот хиџаб, извикуваа:
„Ќе го убиеме оној што ја уби нашата сестра“ и „Долу диктаторот“, алудирајќи на врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи.
Безбедносните сили, стравувајќи дека протестот ќе се прошири ги блокираа улиците и ги претепаа учесниците со палки и предупредувачки истрели.
„Тајната е откриена“
На денот на смртта на Амини, курдските политички партии повикаа на генерален штрајк во провинцијата Курдистан на 19 септември во знак на протест, за како што го нарекоа „државно злосторство“.
Но, додека телото на Амини пристигна во Сагез на погреб на 17 септември, гневот на јавноста во покраината каде што жителите долго време ги обвинуваа властите за потиснување и дискриминација на курдското етничко малцинство, веќе кулминираше.
Поддржано од голема толпа што се собра пред зори пред гробиштата во малиот град, семејството на Амини ги спречи безбедносните сили да ја погребаат тајно и најавија дека ќе одржат свој погреб доцна таа вечер.
„Тие се обидоа да не притиснат да ја закопаме Макса тајно, што реков дека нема да го дозволам под никакви околности и дека луѓето и семејствата, па дури и нејзината мајка треба да бидат присутни. На мое инсистирање, планот за погребот беше променет“, рече таткото на Макса, Ахмад Амини.
Тој, исто така, жестоко ги негираше тврдењата на иранските власти дека неговата ќерка имала операција на мозокот на петгодишна возраст, што можеби придонело за нејзината смрт, велејќи дека таа била „совршено здрава“ и жали што неговото барање за судскиот лекар да ги испита модринките на нејзиното тело било одбиено.
„Мојата загриженост е што властите шират лаги за мојата ќерка секој ден“, рече Амини.
Следеа повеќе апсења и насилства откако некои ожалостени се обидоа да маршираат кон канцеларијата на локалниот гувернер.
„По погребот, атмосферата во градот наликуваше на непријавена и неофицијална воена состојба“, изјави за Радио Фарда Бахтијар Кошнам, шеф на новинската агенција Мукријан во Сагез.
„Плачот на протестантите“
Пред годишнината од смртта на Амини, Хабиби ги објасни мотивите на нејзиниот сопруг да се приклучи на генералниот штрајк што беше свикан во Сагез.
„Зошто беше толку вознемирен? Таткото на Амини многу пати рече дека немала проблеми со нејзиниот хиџаб, па зошто и ја донесоа оваа несреќа на оваа млада девојка? Им реков: Знам дека сте вознемирени. И мене ми е многу тешко, изјави Хабиби за радио Фарда.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Таа го молела Махмуди да не излегува на улиците на 19 септември. Но, како што вели тој верувал дека мора да направи нешто.
Бев сигурна дека оди затоа што беше многу тажен поради смртта на Амини.
„Таа вечер, кога не дојде дома, се јави неговиот братучед и му реков дека Ферејдун не се вратил. Тој рече дека многу луѓе биле уапсени и јас ги собрав нашите документи за да одиме во полициската станица со мојот син“, раскажува Хабиби.
Локалната полиција првично негираше дека Махмуди бил уапсен, пред да го смени исказот и да и признае дека го направила тоа, притискајќи ја во меѓувреме Хабиби за информации за тоа со кого контактирал нејзиниот сопруг.
„Беше три или четири часот наутро кога дознавме дека е застрелан“ во близина на џамија, рече Хабиби. Махмуди беше претепан, двете раце му беа скршени, а телото му беше изрешетано со куршуми,“ се сеќава таа.
Локалните власти потоа негираа дека безбедносните сили го убиле или дека имало истрели. Но, Хабиби рече дека била предупредена и да не организира погреб за Махмуди, бидејќи тие „не сакале толпа“ како онаа што се појавила на погребот на Амини.
И покрај заканата од последици, Махмуди продолжи со погребот, положувајќи го на само 200 метри од гробот на Амини.