Како руските сили убија украински продавач во масакрот во Буча

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Ова е ексклузивната приказна за еден украински дуќанџија, волонтер на територијална одбрана, чие тело беше пронајдено, со врзани раце и рана од куршум во главата, на местото на напуштениот руски штаб во Буча. Олексиј Побихај беше меѓу стотиците Украинци масакрирани од окупаторските руски сили во март 2022 година. Користејќи прислушување телефони, претходно необјавени видеа, документи и изјави на сведоци, РСЕ ја состави приказната за животот и смртта на Побихај.