Возејќи врз бранот на незадоволството што го предизвика австриската владејачка партија во изминативе речиси две години, екстремно десничарската опозициска „Партија на слободата“ сака гласачите да веруваат дека нивниот сè попреполнет брод е осуден на пропаст.
„Ако бродот добие дупка, дупката треба да се затне или бродот ќе потоне“, рече партискиот опозициски лидер, Херберт Кикл, на митингот овој месец во Грац, вториот по големина град во Австрија, каде ја започна официјалната кампања за националните избори кои се одржуваат на 29 септември.
Неговата евроскептична партија го должи своето оживување на постпандемискиот гнев, инфлацијата и стравовите околу војната во Украина, покрај антиимигрантските чувства.
„Ако ја пуштам водата и само ја раширам околу кабините, а можеби и испумпам неколку литри, бродот ќе пропадне, а не сакам Австрија да оди на дното. Затоа ќе ја затвориме дупката и нема да прифатиме повеќе барања за азил“, рече Кикл.
Обвинувања за расизам
55-годишниот Кикл е анатема за политичките ривали и меѓу најомилените политичари во земјата. Неговата партија беше широко критикувана и дома и во странство, за, како што велат нејзините критичари, нејзината ксенофобија, расизам и антисемитизам.
Критичарите велат дека националистичката и антимуслиманската политика на партијата промовира поделба и ја поткопува социјалната кохезија, а нејзиниот евроскептицизам ја загрозува улогата на Австрија во Европската унија.
А сепак, како заштитно лице на партиската платформа „Тврдината Австрија, Тврдината на слободата“, неговата „Партија на слободата“ е подготвена да стане првата екстремно десничарска партија што победила на изборите во Австрија по Втората светска војна.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Формирањето на која било влада несомнено ќе се покаже незгодно, а владејачката конзервативна „Народна партија“ на канцеларот Карл Нехамер сè уште би можела да се појави како креатор на новиот кабинет.
Но, следејќи го патот на „Партијата на слободата“, се очекува таа да се обиде да го искористи големото влијание на земјата што произлегува од местото на Австрија на раскрсницата на Европа за да го насочи континентот кон построги граници и политика што гледа навнатре.
Истражувачката на екстремната десница на Универзитетот во Џорџија,Габриела Грајлингер вели дека владата предводена од „Слободарската партија“, исто така, би го зацврстила „блокирачкото мнозинство“ во ЕУ, при што Австрија ќе им се придружи на соседните Унгарија и Словачка во жестоко потиснување на прашањата за правата, поддршка за Украина, и санкции против Русија.
Видете и ова: Победа на социјалдемократите на Шолц во Германија, екстремната десница го продолжува подемотПлан за враќање на мигрантите
Во врска со миграцијата, плановите на „Партијата на слободата“ вклучуваат враќање на некои странци, што партијата го нарекува „ремиграција“, како и намалување на надоместоците за неовластена миграција и баратели на азил и ставање крај на обединувањето на членовите на семејството во странство со мигрантите кои веќе се во земјата.
Босански сопственик на кафуле,Бахро Кацапор, кој пристигна како бегалец од Србија во 1991 година, е загрижен за фокусот на протерување на мигрантите наместо да им даде „шанса да се докажат“. Тој има свој бизнис веќе 20 години и сè уште вработува турски, сириски и балкански имигранти за да им помогне да застанат на нозе.
„Бев на вистинското место во вистинско време со вистинските луѓе“, изјави Кацапор за РСЕ.
„Политиките од тоа време ми дадоа шанса да почнам да работам и да се изградувам“, додаде тој.
„Партијата на слободата“ постојано води на националните анкети од ноември 2022 година, достигнувајќи се пред една година на околу 30 проценти. Анкетите минатата недела покажаа дека е во водство со 27 отсто, наспроти „Народната партија“ со 25 отсто и „Социјалдемократите“ (СПО) со 21 отсто.
Народната партија на Нехамер е во владата од 1987 година, вклучително и како постар партнер во коалициите со „Партијата на слободата“ во период од 2000 до 2002 година и во периодот од 2017 до 2019 година. Нивното прво поврзување предизвика дипломатски и други санкции на ЕУ против Виена за „легитимизирање на екстремната десница во Европа“.
Откако повторно ги здружија силите во 2017 година, „Народната партија“ и „Партијата на слободата“ владееја 18 месеци пред објавувањето на видеото во кое е фатен Вицеканцеларот и тогашен лидер на „Партијата на слободата“ Хајнц-Кристијан Штрахе како навестува корупција и злоупотреба на влијание во она што подоцна стана познато како Афера Ибица. Народната партија владее во коалиција со Зелените од 2020 година.
Видете и ова: Критики и предизвици за усвоената реформа на ЕУ за мигранти и азил
Според аналитичарот Маркус Хау главниот апел на Партијата на слободата до одредени гласачи е нејзиниот тврд став за имиграцијата и особено за процесот на азил.
„Тие, исто така, генерално се партија на протести, целат кон гласачите кои се разочарани од статус кво состојбата, од политичкиот естаблишмент, за кој сметаат дека ги предал австриските вредности и економски ги обесправил. Тие нудат по малку од се“, објаснува Хау.
Стравови од мигранти
„Сакаме да ги извлечеме луѓето од земјата кои се тука илегално“, рече пратеникот на „Партијата на слободата“ Харалд Стефан.
„[Луѓето] кои овде се однесуваат криминално и кои не придонесуваат ништо овде. Тоа е нашата политика за „ремиграција“, објасни Стефан.
Канцеларијата на австрискиот канцелар минатата година соопшти дека „поверојатно е дека имигрантите ќе бидат и сторители и жртви на криминал“, додавајќи дека ситуацијата со криминалот „не е многу променета на подолг рок“.
Партиите како Зелените и Социјалдемократите тврдат дека имиграцијата ја поттикнува економијата со пополнување на недостигот на работна сила и дека земјата има корист од иновациите што ги носи културната разновидност.
Во меѓувреме, поновите имигранти, кои пристигнаа неодамна во земјата стравуваат дека ќе бидат вовлечени во спиралата на антимигрантските чувства што „Партијата на слободата“ помогна да се создадат во јавноста и чии последици е тешко да се предвидат.
„Ќе бидам многу исплашен, преплашен дури и ако [Партијата на слободата] ги добие гласовите“, вели Мохамад, ирански имигрант, на меѓународниот уличен пазар Брунен во Виена, каде што работи.
Тој е во Австрија седум години. Заедно со другите мигранти тој работи со полно работно време и плаќа даноци, и не сака да власт да дојде Влада која што ќе му го отежни животот.