Историски одзив на полските избори, опозицијата прогласи победа

Полскиот опозициски лидер Доналд Туск прогласи победа на парламентарните изборите, Варшава, 15 октомври 2023 година

Можеби досега се достапни само излезните анкети бидејќи Полјаците чекаа во редица до полноќ за да го дадат својот глас на полските парламентарни избори на 15 октомври, но се чини дека резултатот ќе има драматични последици како за Полска, така и за пошироката Европа. Радио Слободна Европа ви нуди преглед на пет сценарија по „историската“ изборна ноќ

Партијата Право и правда (ПиС) прва, но опозицијата победува?

Според националната излезна анкета презентирана синоќа во 21 часот, владејачката национална партија Право и правда (ПиС) заврши на прво место на парламентарните избори кои се одржаа на 15 октомври со 36,8 отсто од гласовите. Сепак три опозициски партии имаат заеднички доволно гласови за да формираат мнозинство кое би можело да стави крај на осумте години на власт на ПиС, период одбележан со кавги со Брисел, назадување на владеењето на правото и вртење кон социјалниот конзерватизам за прашања како што се абортусот и правата на ЛГБТ популацијата.

Десничарската Граѓанска коалиција (КО) освои импресивни 31,6% од гласовите и сега е подготвена да ги здружи силите со „третиот пат“, што во суштина е коалиција помеѓу земјоделската полска Народна партија и новата центристичка сила наречена Полска 2050 и партијата Левица, која доби 13% и 8,6%, од гласовите.

Според оваа проекција, триото е подготвено да обезбеди 248 места во парламентот кој брои 460 места. Право и правда, кој обезбеди огромни 44% од гласовите во 2019 година, се надеваше или повторно да владее сам или да се здружи со петтата партија која влегува во парламентот, Конфедерација. Но, екстремно десничарската слободарска партија беше можеби најголемиот губитник на изборите, преминувајќи од очекуваните над 10% од гласовите, до 6,2% по објавувањето на резултатите.

Уште не е готово

Најпрво, конечните резултати треба да бидат објавени во вторник. Анкетите имаат маргина на грешка од само 2%, па затоа вреди да се потсетиме на словачките парламентарни избори на 30 септември, на кои либералната опозиција заврши на првото место на излезните анкети, но лесно беше поразена од популистичката левичарска партија Смер кога пребројувањето заврши подоцна во изборната ноќ.

Но, во Полска тоа е далеку од завршено и поради друга причина - двете страни тврдат дека победиле.

Претседателот Анджеј Дуда, кој е поврзан со ПиС, мора да ја свика првата седница на новиот парламент во рок од 30 дена. Потоа тој мора да назначи кандидат за премиер, вообичаено од најголемата партија, иако не постои никаква уставна обврска за тоа.

Но, тој најверојатно ќе номинира некој од ПиС бидејќи тие завршија први и веднаш се прогласија за победници на изборите. Потоа мора да има гласање за доверба со просто мнозинство вопарламентот.

Ако пречката од 50% не се отстрани, тогаш Собранието може да избере алтернативен кандидат за премиер и да види дали има мнозинство. Овде, сега се чини дека трите партии од опозицијата имаат предност, бидејќи заедно имаат повеќе од половина пратеници во новиот дом и најверојатно ќе го представат Доналд Туск, лидерот на КО, како свој заеднички кандидат.

Исто како и ПиС, тој се прогласи за победник на изборната ноќ. Така, следните неколку денови и недели ќе бидат возбудливи за гледање. Очекувајте владејачката партија да ги искористи сите трикови во книгите за да се обиде да ги намами пратениците на нивна страна, особено од Третиот пат, и да го одложи процесот колку што е можно повеќе. Можеби нема да имаме нова влада до почетокот на следната година.

Видете и ова: Избори во Полска: Владејачката партија со најмногу гласови, но без мнозинство

Триумфалното враќање на Туск

Можеби ќе биде потребно извесно време, но следниот премиер на Полска најверојатно ќе биде Доналд Туск. И каков личен камбек за него! Зрачејќи на бината, тој им извикуваше на радосните поддржувачи додека беа презентирани излезните анкети:

„Никогаш не сум бил толку среќен во животот со ова наводно второ место, Полска победи, демократијата победи“.

Веќе држејќи го рекордот на најдолготрајната премиерска функција со над шест години на чело во периодот 2007-2014 година, тој се врати во Варшава минатата година, откако беше избран да служи и како претседател на Европскиот совет и на десниот центар- Европската народна партија (ЕПП) во Брисел. За време на неговиот престој во главниот град на ЕУ, ПиС доминираше во националниот политички пејзаж и беше очигледно дека во текот на изборната кампања тие го фокусираа своето внимание (и гнев) на поранешниот премиер.

Најочигледниот потег беше создавањето на нов закон, наречен „Лекс Туск“ од противниците, кој создаде комисија која ќе го испита секој за кој се смета дека дејствувал под „руско влијание“ додека бил на власт, нешто за што ПиС често го обвинува Туск. Сепак, по притисокот на ЕУ, законот беше модифициран.

Но, дури и ако опозицијата на крајот формира влада, тоа нема да биде едноставно. Малку е веројатно дека ќе постигнат 3/5 мнозинство за да ги поништат ветата на претседателот Дуда, државните медиуми сепак ќе бидат непријателски настроени, а целиот државен апарат, вклучувајќи ги судовите и големите државни компании, е преполн со луѓе назначени и (веројатно) лојални на ПиС. И економијата не изгледа одлично со спиралната инфлација и вртоглавото зголемување на јавниот долг.

Историски одѕив

Нема грешка во врска со одзивот, тој беше можеби најневеројатниот резултат од ова гласање. Рекордот од 62,7%, беше на првите демократски избори во 1989 година кога Полска се ослободуваше од децениското комунистичко владеење. Оттогаш, понекогаш паѓаше под 50%. Но, според излезните анкети, одѕивот на гласачите на овие избори беше 73%, со што го урна досегашниот рекорд со прилично мала разлика.

На крајот на краиштата, изборите беа најзначајните гласови што земјата ги имаше од точно 1989 година. Доколку опозицијата навистина формира влада, импресивната излезност ќе биде главната причина за тоа. На полските избори често се расправаше дека гласачите на ПиС се подобро мобилизирани и се појавуваат без разлика на се.

Тоа не било секогаш случај со поддржувачите на опозицијата - често млади, жители на градови и Полјаци кои живеат во странство. Според анкетите, повеќе од 60 отсто од оние што гласале во 2023 година во споредба, но не гласале во 2019 година, гласале за трите опозициски партии, а одѕивот на луѓето на возраст од 18 до 29 години, вообичаено гласачки блок со полиберално наклонетост, бил поголем од оние на возраст од над 60 години, кои се сметаат за поконзервативни.

Видете и ова: Украина планира да ги тужи Полска, Унгарија и Словачка поради забраната за увоз на производи

Без умор од Украина, без заплашување

Ако исплашеноста и уморот во Украина делуваа кога Словаците гласаа на нивните парламентарни избори пред две недели, сега полските избори го покажа спротивното. Владата одлучи да организира референдум истиот ден кога се одржаа изборите и тоа поставувајќи четири прашања во врска со приватизацијата на државните претпријатија, зголемувањето на старосната граница за пензионирање, отстранувањето на бариерата на полско-белоруската граница и приемот на неевропски имигранти според механизмот за релокација на ЕУ.

Квартетот прашања беа критикувани дека се тенденциозни, насочени кон опозицијата и дизајнирани да го зголемат одѕивот на гласачите за Право и правда. Исто така, се споредува со слични референдуми одржани од Фидес во Унгарија во последниве години за да се добие владина поддршка. Во вистински пресврт за ПиС, референдумот не го достигна прагот од 50 отсто за да биде валиден. Исто така, се чинеше дека нејзиниот обид да добие повеќе гласови со тоа што ќе биде построга кон Украина не се исплатеше.

Во пресрет на изборите, таа го спречи влезот на украинските земјоделски производи на полскиот пазар, избегнуваше средби на високо ниво со украинските функционери и се залагаше да се одложи одлуката на ЕУ за продолжување на правата на украинските бегалци во блокот. Иако овие позиции можеби ѝ помогнаа да добие гласови од Конфедерацијата, најантиукраинската партија на гласачкото ливче, тешко дека таа беше победникот на гласовите што можеби очекуваа дека ќе биде.