И на психолозите им треба психолог

Поткаст „Зошто“ - психологија и ментално здравје

„Земи си еден Дијазепам за да се смириш“ - ова е често споменувана реченица низ македонските семејства. Тоа е катастрофа, вели во Поткастот Зошто Тиана Ивановска психолог. Со неа разговараме и за најчестите причини да се посети психолог, за анксиозноста и депресијата

„Ние како нови генерации имаме доста притисок, како на училиште така и од нашите родители, тренери и се што ни се случува во приватниот живот и нормално ни треба момент кога ќе застанеме и ќе размислиме за се што ни се случува и како можеме полесно да ги надминеме тие работи. Затоа многу е лошо што постои тој стереотип во нашите училишта дека секој што оди на психолог има нешто ментално што не е нормално. Сите сме нормални и некогаш ни треба поддршка од психолог“.

Ова за Поткастот Зошто го изјави средношколецот Берим Мухамед.

Според психологот Тијана Ивановска дури и на психолозите им треба психолог, кога треба да се донесе некаква одлука која би го променила начинот на живот. Денеска ,вели таа, одењето на психолог веќе не е табу тема.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

На сите ни треба психолог

Потребата за психолози постоела и порано пред ова таканаречено дигитално време или време на социјалните мрежи. Ивановска вели дека стандардите за убавото или совршеното кои се диктираат на социјалните мрежи влијаат врз менталното здравје на младите. Сите сакаат да се совршени, да изгледаат како нивните идоли и тоа знае да буди фрустрации.

Поткаст фото - Зоран Ќука (новинар) и Тиана Ивановска (психолог)

„Земи си еден Дијазепам за да се смириш“ - ова е често споменувана реченица низ македонските семејства. Статистиките на Фондот за здравствено осигурување покажуваат дека лековите кои делуваат на централниот нервен систем се меѓу трите групи најкористени лекови во земјава. Според Ивановска, станува збор за прекумерна потреба. Дијазепамите имаат краткотрајно смирувачко дејство, а при долготрајна употреба предизвикуваат зависност, вели таа.

Видете и ова: Не одам на школски психолог за да не ме озборуваат

Со неа во Зошто разговараме и за тоа како да се препознае анксиозноста, депресијата и на а што да се обрне внимание?

Слушајте не, следете те го Поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл поткаст. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи.