Ходорковски: Војната меѓу Израел и Хамас „му помага на Путин“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Рускиот опозиционер Михаил Ходорковски изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „креира хаос секаде каде што може“ со цел да ги одвлече луѓето и ресурсите од руската војна против Украина. Говорејќи во седиштето на РСЕ во Прага на 13 октомври, Ходорковски рече дека борбите меѓу Израел и Хамас му помогнале на Путин со тоа што го одземале вниманието од Украина.