Обидот за атентат врз Трамп низ објективите
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигнува на митинг во Батлер, Пенсилванија, САД на 13 јули 2024 година.
Како што објави АП, неколку илјади луѓе дојдоа да го испратат собирот на Трамп.
Откако одекнаа истрелите, Трамп се засолни зад говорницата на сцената, а шест агенти на Тајната служба го опколија.
На бината излегоа други вооружени полицајци, а потоа се слушна и втор рафал.Агентите на тајната служба го држеа Трамп на земја 25 секунди.
Над местото на пукањето кружеше хеликоптер, а вооружени полицајци беа на покривот на зграда во близина на бината каде што стоеше Трамп.
Агентите го кренаа Трамп на нозе. Неговата црвена бејзбол капа „Make America Great Again“ повеќе не беше на главата, косата му беше разбушавена, десното уво крваво, а на целото лице имаше траги од крв.
„Дозволете ми да си ги земам чевлите. Дозволете ми да си ги земам чевлите“, рече Трамп додека агентите го креваа од земја. Потоа рече: „Чекај, чекај, чекај“, пред да ја крене тупаницата.
Трамп продолжи да тресе со тупаница кон толпата, велејќи „борете се“. Многумина од толпата почнаа да скандираат „САД, САД“.
Агентите го водат Трамп до автомобилот.
Автомобилот на Трамп го напушта митингот.
Местото за митинг беше брзо испразнето, столовите беа оставени превртени, а бината беше опкружена со полициска лента.
Веста за пукањето на митингот на Трамп одекна во медиумите.