Се најавуваше на намалување администрацијата, ќе има ли такаво нешто и кога ќе биде тоа ?
Реформите во јавната администрација треба да бидат предмет на сеопфатна анализа. Многу пати имам кажано дека јавната администрација претставува столб на една нација, столба на една држава и најважно од се е јавната администрација да биде квалитетна, добро едуцирана и системски поставена. Бидејќи, ако немаме инзграден систем, практично јавната администрација како столб на една држава, значи и непостоење на една држава. Реформите во јавната администрација се започнати, ние влеговме во еден процес на дебата за едни закони, но тој процес треба да биде солиден и сеопфатен, во којшто треба да бидат вклучени сите институции коишто ги засега и јас се надевам дека во многу брз период ќе следат силни реформски процеси коишто ќе бидат директно презентирани во јавноста.
Во однос на намалувањата, дали ЗНАМ бара втор заменик директор на Царина?
Морам да кажам дека тоа е шпекулација, тоа е информација којашо произлезе од медиумите. Колку што сум запознаен, заменичкото место е побарано од самата Царинска управа поради зголемен обем на работа. Во собраниската иницијатива потпишани се повеќе групи на пратеници, што значи од повеќе партии, но сепак крајното решение за заменик директор ќе биде врз база на услови, на критериуми и квалификации согласно постоечките закони.
Видете и ова: Некој бара повисоки плати, некој треба да ги вратиДали ќе се укине Балансерот, бидејќи велите дека има злоупотреби?
Во овој момент тоа не можеме да го шпекулираме, иако скриниг извештојат на Европската унија од 2023 година класифицира еден податок во кошто се вели дека намената на балансерот за којашто е создаден практично не се исполнува, односно дека балансерот се злоупотребува. Јас и досега кажав дека во минатото Балансерот бил предмет на злоупотеба, односно имаме случаи каде што Македонци се пишувале Албанци, Албанци се пишувале Македонци, припадници на други етнички заедници, што значи Балансерот практично веќе ја губи својата намена за што е создаден. Во овој момент се применува законското решение. Се додека нема друго законско решение на сила останува примената на Балансерот, согласно Законот за вработени во јавниот сектор, но тоа не значи дека нема да биде предмет за расправа за евентуално укинување на таа алатка Балансер.
Видете и ова: Работниците бараат повисоки плати, владата нуди минимални корекцииДали администрацијата е превработена и неефикасна, или неефикасна поради несоодветен кадар. Каква е вашата оценка господине Минчев?
Тоа е малку контрадикторна ситуација. На пример, има институции во државата кадешто бројот на вработени е преголем, но сепак можеби 30 до 40 проценти вистински ги исполнуваат своите работни задачи. Тоа е пред се резултат на досегашното партиско вработување во изминатите 30 години. Мислам дека ние како општество сме созреани да направиме еден стабилен систем и мораме да почнеме од некаде. Има неколку примери кои иницираат вакви сериозни анализи, сериозни промени. На пример Агенцијата за администрација којашто е задолжена да биде двигател на знаењето во јавниот сектор или во јавната администрација, се соочува со еден непобитен факт дека тестовите коишто треба да го гарантираат знаењето на идните вработени во јавната администрација ги има на фејсбук. Пример број два е дека во извештајот на Државниот завод за ревизија за Агенцијата за администрација има индиции дека некои од вработените се вклучени во откривање на содржината на самите тестови. Тоа е обратен процес, наместо да продуцираме кадри коишто ќе бидат квалитетни, ние продуцираме кадри коишто на ваков начин се стекнуваат со вработување и тоа мора да престане. Имаме и други примери. Нелогично е да имаме инспекторати, или некои институции кои имаат 15 вработени, а имаат управни одбори од 7 членови коишто патем земаат околу 2.000 до 2.500 евра и прават годишен трошок во Буџетот од околу 250 илјади евра, а имаат седница еднаш во годината. Такви институции и органи во државата има многу. Затоа е важно да најдеме добар баланс, да ја имаме реалната ситуација и мислам дека сме созреани да направиме еден голем исчекор во смисла на сериозни реформи коишто ни претстојат во јавната администрација.
Видете и ова: Северна Македонија со најбавна дигитализација во ЕвропаВо оваа насока, во предизборна кампања ВМРО-ДПМНЕ најавуваше 10 проценти намалување. Бројноста на јавната администрација според 160 илјади Вработени. Тоа значи намалување на 16 илјади луѓе. Ќе направите ли нешто околу ова или тоа е комплициран процес?
Тоа е комплициран процес и тоа е предмет на анализа. Ние со преземањето на власта затекнавме многу вработени лица кои практично не доаѓале, но пумпале средства од Буџетот на Република Северна Македонија. На пример, во Министерството за јавна администрација и за дигитална трансформација, при самото преземање на министерствата или создавањето на министерствата, се соочивме со еден факт: имаше 16 вработени за кои никој не знае дека се вработени во министерствата. Тоа значи дека превработеноста во јавната администрација е факт, но мора да има добар модел во којшто нема да се соочиме со незадоволство кај вработените. Тоа е процес којшто не може да се реши преку ноќ, туку да се реши системски.