Денеска (1 септември) во Азербејџан се одржуваат парламентарни избори, на кои речиси сигурно ќе доминираат сојузниците на претседателот Илхам Алиев, кои се обидуваат да ја зацврстат својата моќ.
На овие избори не се очекуваат изненадувања за новиот состав на парламентот, во кој моментално доминира партијата Нов Азербејџан на Алиев, со 69 од вкупно 125 пратенички места.
Најголемата опозициска коалиција Мусават на изборите предложи 34 кандидати, но само 25 од нив беа регистрирани.
Како што пишува, редакцијата на Радио Слободна Еворпа (РСЕ) на англиски, во внимателно управуван изборен процес, повеќе од шест милиони гласачи имаат ограничени алтернативи во однос на лојалните сојузници на Алиев. Изборите се одржуваат на почетокот на петтиот мандат на Алиев како претседател, кој со децении ја зацврстуваше својата позиција врз основа на нафтеното богатство и во екот на спорот на Азербејџан со соседна Ерменија.
Многу Азербејџанци шпекулираат дека решавањето на „прашањето за Нагорно-Карабах“, ставањето крај на најдолгиот замрзнат конфликт во постсоветскиот свет, може да донесе шанса за подмладување на демократските импулси во Баку, дури и ако Алиев ја задржи предноста.
Видете и ова: Растат тензиите на границата меѓу Ерменија и АзербејџанСепак, отсуството на каква било „вистинска алтернатива“ за реизборот на 62-годишниот Алиев на изборите во февруари, жестокиот конфликт на Баку со телото на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за унапредување на правата и демократијата, неодамнешното охрабрување од Москва и прифаќањето на сојузот со БРИКС, сугерираат поинаков правец.
Покрај тоа, појавата на наследници на пратениците поврзани со естаблишментот, кои се борат да ги заменат нивните татковци на парламентарните избори, би можело да претставува доаѓање на сосема нова генерација во азербејџанската елита, која му е должник на Алиев.
Притисокот што се прави врз новинарите и активистите на граѓанското општество по репатријацијата на Нагорно-Карабах од минатата година се споредува со озлогласениот притвор и малтретирањата забележани една деценија претходно.
„Изгледа како обид сите други да се држат надвор. Тоа покажува дека Владата се обидува да ја избрише секоја независна организација во општеството“, изјави за РСЕ, Мајкл Руни, советник за проценка на демократијата во меѓувладиниот Меѓународен институт за демократија и изборна помош (International IDEA).
Видете и ова: Путин: Москва е подготвена да се вклучи во мировниот процес меѓу Азербејџан и ЕрменијаТој како пример ги посочува неодамнешните апсења, вклучувајќи го и она на Бахруз Самадов, 29-годишен азербејџански докторант во странство кој беше обвинет за велепредавство поради критички изјави за војната во 2020 година и воените операции околу Нагорно-Карабах во 2023 година.
Кога станува збор за владеењето на правото, според Руни, Азербејџан веќе бележи лоши резултати. Тој вели дека имало надеж оти демократскиот пат може да се отвори кога ќе се реши конфликтот во Карабах, но „луѓето имаат чувство дека тоа не е случај сега“.
Наместо тоа, предупреди Руни, „Владата се обидува да ги консолидира и затвори сите можни патишта за демократизација“. Тој вели дека, особено по повторното заземање на Карабах минатата година, „владата во Баку чувствува дека едноставно не треба повеќе да го смирува Западот“.
Цврсто контролираната аналитичарска заедница во Баку рутински ги опишува неодамнешните потези на Алиев како „независна надворешна политика“.
Западните набљудувачи, пак, ги критикуваа изборите што го зацврстија владеењето на Алиев како недемократски.
Изборите во Азербејџан од 2003 година често беа пропратени со насилство.
Како резултат на тоа, партијата на Алиев, Нов Азербејџан, со која формално претседава првата дама и потпретседателка Мехрибан Алиева, и неговата коалиција со лојалистички партии, доминираат во Националното собрание со 125 места.
Водечката опозициска партија Азербејџански народен фронт (AXCP) се држи настрана од „владината маскарада на лажни избори“ седми пат по ред.
Видете и ова: Уапсен поранешен азербејџански дипломатПартијата Мусават учествува на изборите и покрај проблемите како што се неможноста за набљудување на изборите и медиумите кои во голема мера се наклонети кон владејачката партија, како и сериозните нерегуларности на денот на изборите.
„И да се појават само пет или 10 лица, изборите ќе се сметаат за легитимни, поради отсуството на каков било праг на излезност од 2003 година“, велат од партијата.
Подмладокот на актуелната политичка елита најверојатно ќе се приклучи на постојните лојалисти на Алиев во парламентот. Кандидатите на изборите на 1 септември, наводно, се Самир Ахмадоглу Валиев, син на поранешниот пратеник и ректор на универзитетот Ахмад Валиев; Махир Тахироглу Сулејманли, син на поранешиот пратеник од власта Тахир Сулејманов; и Гунаи Агамали, која се кандидира да го замени нејзиниот татко Фазаил Агамали, кој речиси 30 години е во парламентот и во исто време е лидер на Матичната партија. Тој наводно се пензионира поради здравствени причини.
Ајгун Мањева, ќерка на поранешен пратеник, која сега е член на Централната изборна комисија, првично се појави на партиската листа на Нов Азербејџан, но наводно се откажала од својата кандидатура.
Алиев владее со Азербејџан откако ја презеде власта од неговиот татко, кој почина во 2003 година. Алиев во февруари 2024 година обезбеди нов седумгодишен мандат на изборите, на кои меѓународните набљудувачи тврдат дека се забележани бројни нерегуларности.