Господине Аврамовски, премиерот на прес конференцијата за резултатите од сто дена на новата влада изјави дека рокот за предлози за реформа правосудниот систем истече, и дека никој не доставил предлози. Што се случи со предлозите на судиите и обвинители кои беа промовирани минатата недела ?
Се уште не сме стигнале да ги презентираме тие препораки пред сите релевантни чинители бидејќи голем дел од нив го откажаа веќе потврденото присуство на настанот. Во меѓувреме имавме средби со неколку пратеници и со заменик премиер на Владата за добро владение (Арбен Фетаи) кои начелно истакнаа подготвеност да ги поддржат препораките онолку колку што можат.
А сега во текот на наредниов период треба да имаме средба и со министерот за правда (Игор Фиков) со кој би ги дискутирале токму ваквите препораки. Се надевам дека рокот за консултации не е истечен и дека процесот на консултации треба да се применува постојано, вклучително и за надзор на политиките кои се веќе имплеметирани за да видиме дали даваат ефекти и дали има потреба да се направат некои модификации.
Дали тоа значи дека владини претставници се веќе запознаени со предлози како да се одвиваат реформите со препораки од самата судска и обвинителска фела?
Би требало да се, или барем да бидат запознаени во наредниот период. Се надеваме дека тоа ќе биде слушнато од нивната страна, затоа што ова се изворни препораки кои доаѓаат од самите судии и обвинители, односно од мнозинство од консултираните судии и јавни обвинители.
Во меѓувреме пратениците од владејачката група бараат оставка од целиот судски совет. Дали имате впечаток дека најавата за целосно распуштање на судскиот и обвинителскиот се уште е опција на маса кој се разгледува од власта?
Верувам дека е опција која што се разгледува, затоа што постојано се повторува како решение од страна на претставниците на Владата, дури и од определени пратеници. Но, досега не слушнавме конкретен план како би се извело тоа распуштање кои би биле ризиците и последиците од тоа, како би се справиле со таквите ризици и последици, и што ќе правиме потоа. Како ќе ги избереме новите за да се осигураме дека нема да се вратиме повторно на статус кво, после уште еден обемен процес на реформи.
Видете и ова: Се бара начин осудените за „крвавиот четврток“ да излезат од затвор?Какви се вашите стравови од можни последици ако навистина во целост се распушти судскиот и обинителскиот совет ?
Мислам дека во голема мера ќе биде задоцнето решение, затоа што веќе имаме промени во составот на советите. Од друга страна ќе биде многу проблематично поради интервенцијата на зкаонодавната и извршната власт во судската, затоа што мнозинството од претставниците и во едниот и во другиот совет се избрани токму од самите судии и од самите јавни обвинители. И ако може законодавната или извршната власт да ги укине мандатите кои што се доверени од страна на судската власт, тоа автоматски ја става во надредена положба над судството и тоа може многу лесно да биде злоупотребено кога било во иднина.
Тоа би бил многу сериозен потфат кој што носи многу ризици, а немаме гаранција дека ќе ги даде посакуваните реформи.
Како според вас треба да се реформираат судскиот и обвинителскиот совет ?
Прво и основно, кога велиме дека има влијанија судството. Таквите влијанија најчесто доаѓаат токму од страна на политиката. Ако политиката сака да се справи и да е подобри независност на судството, треба само да отстапи и да не се меша во работите кои што се во надлежност на судството.
Од друга страна, треба да почнеме да покажуваме волја во оние работи кои што можеме. Ние до сега не видовме никакво образложение кој што е суштинско и кој што би не убедило дека истакнатите правници кои се избрани од страна на Собранието во Советите, дека на вистина заслужуваат да бидат таму.
Кога имате избори на членови на Судскиот Совет или на Советот на јавните обвинители, немате никакво презентирање на програми и планови за работа во јавността. Никој не ги ни знае кандидатите, профили прават новинарите, истражуваат и ги профилираат кои се кандидатите за јавността воопшто да знае што таму се случува.
Видете и ова: Гир: Треба радикална акција во судствотоЕден врховен судија и еден обвинител од советот се спогодија за кривичното дело мито и добија условни казни. Што мислите со таа одлука, каква порака се испраќа во јавноста, па и до останатите судии?
Едниот од нив доби условна казна, другиот доби тригодишна затворска казна. Факт е дека во јавност одекна овие како исклучително ниски казни. Впрочем, оно што дополнително загрижува е што ако ги погледнете пресудите и образложенијата зашто се определени токму такви санкции, нема да видите ништо внатре што ќе ви укаже на тоа како прво обвинителството се спогодило за таква санкција, потоа зашто судот бил уверен дека токму таа санкција е соодветна за ваквите дела.
Тоа е проблематично и тоа остава многу простор за сомнеж во ваквите ситуации, особено доколку се имаат предвид функциите на лицата кои беа инволвирани во сето ова, иако не стануваше збор за некоја исклучително висока имотна корист која е стекната со ова дело, имајќи предвид одговорността и интегритетот кој што треба да се демонстрира во ваквите ситуации.
Не сме ниту ние, ниту пак општата јавност убедени во тоа дека е избрана соодветната санкција, иако за волја на вистината, тригодишната затворска казна за таквото кривично дело е меѓу највисоките санкции кои се изречени за таква дело.
Видете и ова: Вера Коцо: Судската тога не е моден детаљ, судиите да се саморегулираатОд една страна кражба на милиони евра државни пари може брзо да застари како дело а од друга страна извршител со последната одлука на Уставен може да гони граѓанин до смрт за неплатена сметка за струја. Какви измени се потребни во законите за да биде праведно за сите кои згрешиле ?
Нашите забелешки уште во рамки на работната група за кривичиниот закон и тоа пред да бидат направени овие измени беа токму во насока на тоа дека санкциите за коруптивните кривични дела се исклучително ниски.
Предвидени се санкции од 3 години до 5 години, а може да станува збор за исклучително сериозни кривични дела, сторени од многу високи функционери.
Во оној текст на измените на кривичниот законик којшто се работеше
во работната група, беа зголемени санкциите на, речиси, сите кривични дела во Кривичниот законик, но најмал дел од коруптивните кривични дела каде што беа останати оние санкции кои што беа во предходниот кривичен законик.
Меѓутоа и тие дури се ниски за тоа што предвидуваат многу низок долен праг на изрекување на санкцијата и затоа многу често во пракса завршуваме со условни осуди или минимални затворски казни за вакви кривични дела во оние постапки кои што ќе успеат да бидат завршени со осудителна пресуда.
Така што, мора да има зајакнување на системот на санкционирање, мора да има соодветна примена на конфискацијата на имот и одземање на сета,
нелегално стекната имотна корист. Меѓутоа уште побитно е да има доследна примена, значи финансиските истраги да се применуваат доследно и во сите случаи што се поврзани со корупција.
Битно е да се користат механизмите и битно е да се покаже
доследна примена на оние механизми што ги имаме на располагање, а потоа законските измените да доаѓаат само како минимални унапредувања на рамката што се дава на практичарите.
Како ја оценувате ситуацијата во која поранешниот премиер Никола Груевски се спаси од затворската казна за набавката на мерцедесот, а министерката Јанкуловска и Попоски одлежаа затворски казни за истото дело?
Тоа е таа недоследна примена на правото во пракса, која што можеме да ја забележиме, и тоа е тоа што го остава ваквиот впечаток за непрофесионалност и пристрасност на судовите за тоа што се гледаат двојни аршини во постапувањето.
Меѓутоа, во конкретниот случај вината не беше на судот, бидеќи стануваше збор за бегство.
Ова не беше еден од оние случаи каде што застаре кривичетото дело поради некакви измени на законите или поради непостапување на судовите, туку застаре изрекувањето на санкцијата.
Целото видео интервју со извршниот директор на Коалцијата „Сите за правично судење “ Дарко Аврамовски може да го погледнете погоре.