Аплауз од 45 минути на инклузивна модна ревија во Скопје
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Лица со попречености беа модели на писта во Музејот на современа уметност во Скопје, на 25 септември, како дел првата модна ревија на адаптирана облека направена за, а презентирана од лицата со попреченост. Парчињата кои се шиени според нивните потреби и по нивна мерка се креација на дизајнерките Ена Зафировска Трајкова и Сара Величковска. Иницијатор за создавање на македонски моден бренд за адаптирана облека е претседателот на здружението „Екуалити“, Гере Трипков.