Рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе стори „се за да ја заштити земјата“ по информациите дека платеничките сили на Вагнер предводени од Евгениј Пригожин ги окупираат воените објекти во јужниот руски град Ростов на Дон.
Путин, во вонредно телевизиско обраќање до нацијата, ги опиша активностите на Вагнер како „вооружен бунт“. Тој рече дека ќе биде преземена „одлучна акција“ за да се стабилизира ситуацијата.
Путин изјави дека некои Руси се „измамени во криминална авантура“ - без конкретно да ги спомене борците на Вагнер, кои се побунија.
Путин вели дека иднината на Русија е загрозена, опишувајќи ги акциите на бунтовниците како „удар во грб“, пренесува Би-Би-Си.
Вонредното обраќање на Путин доаѓа откако ескалираше судирот на руските воени власти со шефот на руската платеничка група Вагнер, Евгенија Пригожин.
Пригожин повика за бунт против руската војска, иако негираше дека се обидува да изврши воен удар.
Без конкретно да го спомене Пригожин, Путин вели дека високите „амбиции“ на некои довеле до „велепредавство“.
Путин рече дека во главниот град Москва и во неколку други региони сега е на сила антитерористичкиот режим.
Рускиот претседател во своето кратко ТВ обраќање, ниту еднаш не го спомна Пригожин.
Тој ги спомна платениците на Вагнер, но само за да ги пофали дека се бореле за Русија.
Претходно Пригожин ги повика Русите да не и веруваат на руската државна телевизија.
„Кога ќе ви кажат дека приватната воена компанија „Вагнер“ се мешала во работата и затоа се урнало нешто на фронтот... работите на фронтот не се разурнати поради таа причина“, вели тој во новото видео објавено на Телеграм.
„Изгубена е огромна количина на територија. Убиени војници, три или четири пати повеќе од она што е напишано во документите што му беа презентирани на врвот (раководството)“, додаде тој.
Овие тврдења не можеа да бидат независно потврдени.
Водачот на платениците во видеото вели дека се наоѓа во воениот штаб на Ростов на Дон, кој е клучна логистичка база за руската офанзива во Украина.
Еден од највисоките руски воени команданти, генерал Сергеј Суровикин, ги повика платениците од Вагнер да ја „послушаат волјата и командата“ на претседателот Путин и да се вратат во својата база.
Претходно Кремљ нареди апсење на Пригожин, а против него се води истрага за поттикнување бунт.
Во петокот вечерта безбедноста во Русија беше зголемена, интернетот беше ограничен, а на улиците на Москва беа забележани воени камиони. Автопатот М4 што ги поврзува Москва и Ростов е затворен на границата меѓу регионите Липецк и Воронеж, изјави гувернерот на Липецкајавља, на југот на Русија.
До ова доаѓа откако шефот на руската платеничка организација Вагнер, Евгениј Пригожин повика на бунт против руската армија, но негираше обид за воен удар. Тој, исто така, ја обвини војската дека извршила смртоносен напад врз неговите сили во Украина, каде што војниците на Вагнер се борат за Русија.
Видете и ова: Десет дена контраофанзива на Украина, тоа е само почеток...Кремљ нареди апсење на Пригожин, а против него се води истрага за поттикнување бунт.
Руското Министерство за одбрана го негираше нападот врз член на Вагнер и побара од Пригожин да престане со „незаконските дејствија“.
Во петокот вечерта безбедноста во Русија беше зголемена, интернетот беше ограничен, а на улиците на Москва беа забележани воени камиони.
Автопатот М4 што ги поврзува Москва и Ростов е затворен на границата меѓу регионите Липецк и Воронеж, изјави гувернерот на Липецкајавља, на југот на Русија.
Силите на Вагнер во Ростов на Дон
Во саботата рано наутро, на интернет се појавија непроверени видео снимки на кои наводно се гледа како силите на Вагнер влегуваат во рускиот град Ростов на Дон. На жителите на градот, во близина на украинската граница, им е кажано да останат смирени и да останат во затворени простории, јавува Би-Би-Си.
Шефот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, во меѓувреме, рече дека неговите сили контролираат клучни локации во јужниот руски град Ростов на Дон.
Тој објави видео во кое вели дека силите на Вагнер ќе продолжат да го блокираат градот и ќе се движат кон Москва доколку началниците на одбраната Сергеј Шојгу и Валери Герасимов не дојдат да го пречекаат.
Претходната снимка покажа дека вооружени мажи во Ростов наДон опкружуваат владина зграда со војници и тенкови. Претходно, во петокот, на 23 јуни, беше отворена кривична истрага против Пригожин, откако тој ја обвини руската армија за „уништување“ на неговите борци, без целосно да ги објасни своите обвинувања и вети дека ќе го запре „злото“ воено раководство.
Агенцијата ТАСС, повикувајќи се на Националниот антитерористички комитет, известува дека Федералната служба за безбедност (ФСБ) отворила кривична истрага против Пригожин поради повикување на вооружен бунт.
Рускиот претседател Владимир Путин е информиран за развојот и „се преземаат соодветни мерки“, пренесува Интерфакс, цитирајќи го портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Руското Министерство за одбрана претходно излезе со соопштение во кое се вели дека обвинувањата на Пригожин „не се точни“ и дека станува збор за „информативна провокација“.
Порака за одмазда
Во серијата пораки објавени во петокот, 23 јуни, на неговиот официјален Телеграмски канал, Пригожин тврди дека „министерот за одбрана лично дошол во Ростов за да ја спроведе операцијата за уништување на Вагнер.
„Оние кои ги уништија нашите момчиња, кои ги уништија животите на десетици илјади руски војници, ќе бидат казнети. Ве молам никој да не дава отпор“, рече тој во една од пораките.
Непотврдено видео објавено на каналот „Разгрузка Вагнер“ прикажува сцена во шумата, каде што може да се забележат мали пожари како горат, и дрвја кои изгледаат како да се скршени насилно.
Видеото беше придружено со опис: „Камовите на ПМЦ [приватна воена компанија] Вагнер беа нападнати со ракети. Многу жртви. Сведоците тврдат дека нападот се случил одзади, така што го извршила армијата на руското Министерство за одбрана. "
Пригожин вети дека ќе се одмазди за нападот, велејќи „Ние сме 25.000 и ќе дознаеме зошто има хаос во оваа земја“, но додаде дека тоа не е „воен удар“. Претходно истиот ден, Пригожин се чинеше дека преминал нова линија во неговиот се поогорчен судир со Москва, велејќи дека оправдувањата на Кремљ за инвазијата на Украина се засновани на лаги измислени од воените водачи.
Британија: „Отворена воена конфронтација“
Групата Вагнер и руското Министерство за одбрана се ангажирани во „директна воена конфронтација“, наведува британското воено разузнавање, пишува Скај Њуз (Sky News).
Платениците „речиси сигурно ги освоиле клучните безбедносни локации“ во Ростов на Дон, „вклучувајќи го и штабот што ги води руските воени операции во Украина“, соопшти Министерството за одбрана на Обединетото Кралство.
Паравоените единици „се движат на север“ низ регионот Воронеж и „речиси сигурно имаат за цел да стигнат до Москва“, се вели во соопштението.
Лојалноста на руските безбедносни сили и руската национална гарда „ќе биде клучна за тоа како ќе се одвива кризата“.
„Ова е најзначајниот предизвик за руската држава во последно време“, додаде Министерството за одбрана на Обединетото Кралство.