Ваши коментари

Бројни коментари од нашите слушатели на нашата тема „Зошто фиксен курс на денарот?“
Зачудувачки, но вистинито - нашите слушатели испратиле голем број свои коментари на текст од економијата, поточно на нашата анализа „Зошто фиксен курс на денарот?“. Што докажува дека и тоа колку се заинтересирани за состојбата на економијата кај нас, поточно за својот стандард. Не зачудуваат дури ни критиките за изборот на експертите консултирани во
Јосиф Давидов бара експертите да му кажат колку е добра девалвацијата на денарот за обичниот граѓанин и дали може да го издржи и тој финансиски удар.
анализата и тоа може да се сфати како еден вид партиска реакција на познавачите на монетарната проблематика.

Како и да е, Радио Слободна Европа, македонската редакција, е задоволна - значи нејзините емисии се слушаат во македонскиот етер. А, негативните ваши реакции можат да се сведат на следново: дека објективни експерти не можат да бидат луѓе од политиката, поранешен пратеник или поранешен гувернер, кој на тоа место го донесла политиката, како што пишува Горан во својата порака. На Горан, исто така му пречи тоа што сите консултирани, според него, биле од опозициониот блок.

Темата „Зошто фиксен курс на денарот?“ е најкоментирана на нашата интернет-страница

Јосиф Давидов бара експертите да му кажат колку е добра девалвацијата на денарот за обичниот граѓанин и дали може да го издржи и тој финансиски удар. За Давидов, виновник за моменталната економска состојба на граѓаните не бил стабилниот денар, туку, како што пишува, криминалната приватизација и распродажба на целокупниот државен имот на Македонија.

Колку за потсетување, некои од најголемите фирми, како Окта или Телеком, на пример, беа продадени и приватизирани токму во времето на владата на сегашнава партија што е на власт.
Владимир Петровски смета дека ако девалвира денарот може да дојде до хиперинфлација што би и одговарало на државата затоа што ќе го преполови домашниот долг со што ќе ги уништи сите мали претпријатија, а сиромаштијата ќе се зголемела за 60%.

Владимир Петровски смета дека ако девалвира денарот може да дојде до хиперинфлација што би и одговарало на државата, затоа што ќе го преполови домашниот долг со што ќе ги уништи сите мали претпријатија, а сиромаштијата ќе се зголемела за 60%.

Ѓоко од Кичево е загрижен што ќе се случи со денарските депозити на граѓаните по банките: ќе ги извадат, вели, од банките, ќе ги претворат во девизи и ќе ги чуваат дома под перница, а банките ќе немаат обртни средства за кредити, кредитите ќе поскапат и ќе влеземе во надолна спирала од која нема излез.

Зоки пишува дека се' додека народот не си ги засука ракавите и почне ефикасно и ефективно да работи, нема да ни помогнат вакви ментални гимнастики. Во земја која систематски е увозно зависна, депласирано е да си играме со курсот на денарот, затоа што за зголемен извоз се потребни репроматеријали и енергија кои ги нема државава, и еве ти пак зголемен увоз, ја завршува пораката Зоки.

Орце од Велес смета дека единствена корист од флексибилен курс би имале само неколку извозноориентирани фирми, односно нивните газди, зашто тие нема да ја покачат платата на работниците кои ќе мораат да купуваат со исти плати поскапи производии ете ти, пишува Орце, девалвација на денарот.