Замор од политика?

Граѓаните се разочарани од политичките случувања. Експертите со поделени мислења - привидна или вистинска апатија?
Иако во јавноста преовладува впечатокот дека граѓаните во Македонија живеат за и со политиката и дека секој се разбира од водење политика, граѓаните кои ние ги сретнавме покажуваат незаинтересираност и разочараност од политичките случувања во последните неколку месеци. Анкетираните по случаен избор, велат дека не им веруваат на
Имаме доминација на политичкиот момент во Македонија и не верувам дека тоа ќе ги остави луѓето рамнодушни. Можеби има привидна апатичност затоа што се создава атмосфера на исчекување.
политичарите, нивните говори и ветувања. Повеќето од нив признаваат дека се уморни од политиката.

„Ништо и од револт не гледам ниту вести, ниту ме интересира политика ниту мислам да гласам повеќе во мојот живот.“

„Има нешто ново!? Има вработувања!? Само зборувања имаме, ништо друго.“

„Ако ги немам кравите и ако ги немам нивите јас од никого не примам помош.“

„Подобрување нема.“

Демократија или апатија?

„Мислам дека за 50 години нема ништо да се измени, треба време.“

Она што навидум изгледа како политичка апатија, за социолозите е само привид, вели социологот Ѓорги Тоновски. Всушност, се работи за атмосфера на неизвесност и очекување, објаснува Тоновски и додава дека кај македонските граѓани е всаден стравот отворено и јавно да зборуваат за политичките убедувања.

„Имаме доминација на политичкиот момент во Република Македонија и не верувам дека тоа ќе ги остави луѓето рамнодушни. Можеби има привидна апатичност, затоа што се создава атмосфера на исчекување,
Голем број избирачи се разочарани од актуелната политика на владата и не се мотивирани да излезат да гласаат. Од друга страна, опозицијата не успеа да го зголеми рејтингот.
дека ќе биде поинаку, нешто ќе се случува.“

Дали таквата политичка неизвесност остава простор за сомневање од граѓанска апстиненција на претстојните избори? Политичкиот аналитичар Насер Зибери очекува голема неизлезност на изборите. Еве зошто:

„Еден голем број на избирачи се разочарани од актуелната политика на владата и не се мотивирани да излезат да гласаат. Од друга страна, опозицијата не успеа да го зголеми рејтингот и да остават впечаток дека се спремни да направат радикални промени.“

Зибери предупредува дека евентуалната мала излезност на изборите би можела да предизвика негативни последици врз демократските процеси во земјава и составот на идната извршна власт.