Американскиот претседател Барак Обама одобри употреба на вооружени беспилотни летала над Либија за напади врз силите лојални на лидерот Моамер Гадафи. До овој потег доаѓа во време кога расте бројот на жртвите меѓу цивилите во бунтовничкиот град Мисрата, кој е под опсада од силите на Гадафи, но и во други места во земјата.
Учеството на беспилотните летала познати како „предатори“, се очекува да помогне во избегнувањето на цивилни жртви.
Нивниот број порасна откако владините сили почнале да вршат напади од населени места, со што цивилите биле изложени како цели на НАТО авионите.
„Сега, претседателот изјави дека е подготвен да го користиме она во што имаме одредени единствени предности. Всушност тој одобри користење предатори и мислам дека тоа ќе ја подобри нашата прецизност“, изјави американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс на прес-конференција во Вашингтон.
Овие авиони се опремени со ракети од типот Хелфајар и се управувани од места кои можат да бидат одалечени стотици, па дури и илјадници километри од каде што се извршува акцијата.
Предаторите се користени во воените операции во Пакистан, Авганистан, Босна, Србија, Ирак и Јемен.
Тие можат да останат во воздух околу 40 часа без да бидат забележани и имаат голема ефикасност во погодувањето на целите.
Заменик началникот на американскиот Генералштаб, генерал Џејмс Картрајт, на истата прес-конференција со Гејтс, изјави дека леталатаовозможуваат пониско спуштање до целите и поради тоа имаат поголема видливост.
Сепак, тој додаде дека првата таква мисија врз Либија не била спроведена до крај, бидејќи леталата морале да се вратат поради лошите временски услови.
Соединетите Држави се единствената земја членка на НАТО која употребува вооружени беспилотни летала. Преостанатите ги користат за извиднички мисии.
Ова е обид на Белата Куќа да му даде потик на НАТО кој тешко се справува со мисијата за заштита на цивилите во Либија откако Алијансата ја презеде операцијата од Соединетите Држави.
Учеството на предаторите Гејтс го оцени како скромен придонес во мисијата на НАТО.
До одлуката дојде откако американската државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека постоеле информаци оти силите на Гадафи можеби користеле касетни бомби.
„Силите на полковник Гадафи ги продолжуваат нивните злобни напади, вклучувајќи ја и опсадата на Мисрата. Постојат дури и извештаи дека силите на Гадафи можеби користеле касетни бомби против сопствениот народ.“
Клинтон побара трпение кога станува збор за резултатите од акцијата на НАТО во Либија, која ја спореди со кампањата што Алијансата ја водеше на Косово во 1999 година и која претставуваше почеток на крајот на режимот на српскиот претседател Слободан Милошевиќ.
Прецизирајќи дека успехот на 78-дневната кампања бил замаглен со останувањето на Милошевиќ на власт, Клинтон додаде дека бомбардирањето, сепак поттикна извесна динамика која на крајот го одведе пред Хашкиот трибунал.
Меѓународната воена операција во Либија почна на 19 март.
Нивниот број порасна откако владините сили почнале да вршат напади од населени места, со што цивилите биле изложени како цели на НАТО авионите.
„Сега, претседателот изјави дека е подготвен да го користиме она во што имаме одредени единствени предности. Всушност тој одобри користење предатори и мислам дека тоа ќе ја подобри нашата прецизност“, изјави американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс на прес-конференција во Вашингтон.
Овие авиони се опремени со ракети од типот Хелфајар и се управувани од места кои можат да бидат одалечени стотици, па дури и илјадници километри од каде што се извршува акцијата.
Предаторите се користени во воените операции во Пакистан, Авганистан, Босна, Србија, Ирак и Јемен.
Тие можат да останат во воздух околу 40 часа без да бидат забележани и имаат голема ефикасност во погодувањето на целите.
Заменик началникот на американскиот Генералштаб, генерал Џејмс Картрајт, на истата прес-конференција со Гејтс, изјави дека леталата
Силите на полковник Гадафи ги продолжуваат нивните злобни напади, вклучувајќи ја и опсадата на Мисрата. Постојат дури и извештаи дека силите на Гадафи можеби користеле касетни бомби против сопствениот народ.