Иако гледаат позитивно на изборот на Шеќеринска, домашните експерти на став дека станува збор само за привидни промени.
Со изборот на Радмила Шеќеринска за можен мандатар ако СДСМ ги добие изборите, партијата го зголемува својот коалициски потенцијал по завршувањето на изборите. Сепак, нејзиниот избор отвора и низа прашања, велат дел од домашните експерти со кои разговаравме.
Професор Алајдин Демири вели дека Шеќеринска е поприфатлив коалициски партнер за дел од партиите што имаат несогласувања со Црвенковски.
„Не верувам дека би имало проблем со Тито Петковски, меѓутоа Манасијевски и некои други спорадични партии, полесно би контактирале и коалицирале со Шеќеринска отколку со Црвенковски, значи тука има една лежерна предност.“
Политикологот Владимир Божиновски вели дека изборот на Шеќеринска за можен мандатар е позитивен чекор за партијата. Сите анкети покажуваат дека Бранко Црвенковски не успеа да ги привлече, не само неопределените, туку и сопственото членство, вели Божиновски.
„Во рејтинзите тој секогаш имаше околу третина понизок рејтинг од рејтингот на СДСМ, така што во секој случај би требало Шеќеринска да внесе еден позитивен импакт, пред се кај нивното членство.“
Сепак, вели Божиновски, спорен е тајмингот на нејзиниот избор. Прашање е дали народот во тоа ќе препознае искрена желба за промени или предизборен трик на СДСМ. Ситуацијата ќе беше поинаква, ако СДСМ назначеше кандидат за мандатар пред шест месеци, вели тој.
„Зошто Шеќеринска не беше избрана за претседател на партијата кога им беше конгресот? Тоа е многу важно прашање. На еден месец пред избори, радикални промени не секогаш се прифаќаат ,,здраво за готово“, и не секогаш се верува во такви промени.“
Во ваков момент се добива впечаток на нешто веќе видено, вели Божиновски, зашто Црвенковски еднаш се повлече во 2004 година, па потоа повторно се врати на чело на партијата. Тој вели дека друг спорен момент е тоа што Шеќеринска веќе изгуби едни избори во 2008 година. Вака се наметнува прашањето дали СДСМ нема нови луѓе што може да се наметнат и да ја донесат партијата на власт, вели тој.
На сличен став е и Демири. Црвенковски создава привид на промени во партијата, вели тој.
„Ако евентуално победи СДСМ, изборот на Шеќеринска е повторно Бранко Црвенковски, бидејќи таа е позната во политиката како голем послушник и имитатор на политиката на Црвенковски.“
Како предност на Шеќеринска се наведува и нејзиниот углед кај меѓународната заедница.
Во рејтинзите тој секогаш имаше околу третина понизок рејтинг од рејтингот на СДСМ, така што во секој случај би требало Шеќеринска да внесе еден позитивен инпакт пред се кај нивното членство.
Професор Алајдин Демири вели дека Шеќеринска е поприфатлив коалициски партнер за дел од партиите што имаат несогласувања со Црвенковски.
„Не верувам дека би имало проблем со Тито Петковски, меѓутоа Манасијевски и некои други спорадични партии, полесно би контактирале и коалицирале со Шеќеринска отколку со Црвенковски, значи тука има една лежерна предност.“
Политикологот Владимир Божиновски вели дека изборот на Шеќеринска за можен мандатар е позитивен чекор за партијата. Сите анкети покажуваат дека Бранко Црвенковски не успеа да ги привлече, не само неопределените, туку и сопственото членство, вели Божиновски.
Стевчо Јакимовски, поранешниот Претседател Киро Глигоров, Гордан Георгиев, Стево Пендаровски, Радмила Шеќеринска и Зоран Јовановски на прославата на 20 роденден на СДСМ во Метрополис Арената во Скопје.
„Во рејтинзите тој секогаш имаше околу третина понизок рејтинг од рејтингот на СДСМ, така што во секој случај би требало Шеќеринска да внесе еден позитивен импакт, пред се кај нивното членство.“
Сепак, вели Божиновски, спорен е тајмингот на нејзиниот избор. Прашање е дали народот во тоа ќе препознае искрена желба за промени или предизборен трик на СДСМ. Ситуацијата ќе беше поинаква, ако СДСМ назначеше кандидат за мандатар пред шест месеци, вели тој.
„Зошто Шеќеринска не беше избрана за претседател на партијата кога им беше конгресот? Тоа е многу важно прашање. На еден месец пред избори, радикални промени не секогаш се прифаќаат ,,здраво за готово“, и не секогаш се верува во такви промени.“
Ако евентуално победи СДСМ, изборот на Шеќеринска е повторно Бранко Црвенковски, бидејќи таа е позната во политиката како голем послушник и имитатор на политиката на Црвенковски.