Верниците против гатачите

Отстранување од верските храмови на сите бајачи, гатачи, јасновидци, пророци... бараат прилепските верници од Синодот на МПЦ.
Да се отстранат надвор од верските храмови сите бајачи, гатачи, јасновидци, самоповикани пророци и други лица кои се почесто и на разни начини се обидуваат да заработат на сметка на маката и страдањата на граѓаните. Да не им се дозволи на ваквите измамници под плаштот на лажната вера, да печалат злоупотребувајќи ги наивните и неупатени
Овие лица кои лажно во името на Црквата го заведуваат народот со чинови кои не поминуваат низ филтерот на спасителното искуство на Црквата, во црковните правила се наречени демонослужители и за нив е искажана најостра осуда. Имајќи го ова на ум, бараме од Синодот како и од властите да биде најдено решение против злоупотребите од лицата кои вршат религиозни активности надвор од рамките на црковните
овластувања.
граѓани. Ова се барањата, што Координативното тело на прилепските верници ги испраќа до Синодот на Македонската православна црква, за да се преземат итни мерки, оваа неопаганска појава, како што велат, да се стави под контрола и надвор од православните храмови. Зашто според оценките на верниците проблемот ескалира во последниот период и тоа не само во околината на Прилеп туку и во другите делови од државата.

„Овие лица кои лажно, во името на Црквата, го заведуваат народот со чинови кои не поминуваат низ филтерот на спасителното искуство на Црквата, во црковните правила се наречени демонослужители и за нив е искажана најостра осуда. Имајќи го ова на ум, бараме од Синодот како и од властите да биде најдено решение против злоупотребите од лицата кои вршат религиозни активности надвор од рамките на црковните овластувања“, вели Горан Неделкоски, член на координативното тело.

Верниците посочуваат дека не ретко може да се чуе како во одредени манастири бајачи по принципот на „плацебо“ наводно лечат од некоја болест или, пак, дека видовити луѓе умеат да ја прорекуваат судбината. Во отсуство на точни упатства од МПЦ, а немоќни да се справат со своите проблеми, граѓаните бараат спас токму пред вратите на ваквите измамници, кои наместо да ги приближуваат, ги оддалечуваат од христијанската вера.


„Наш предлог е оние кои тоа го вршат на црковните имоти да бидат отстранети со помош на органите на власта. Оние, пак, кои работат во свои приватни објекти, за да нема измама кон оние кои ги посетуваат, да бидат законски задолжени да им кажат дека нивната верска работа не е под благослов на православната црква и дека истите не се сметаат за православни, или какви било христијани“, истакнува Неделкоски.

Според верниците досега во неколку наврати е разговарано на оваа тема, но се чини дека никој не преземел сериозни мерки за да се справи со овие измамници и еднаш им стави крај на ваквите аномалии. Затоа прилепските верници веруваат и очекуваат дека конечно Синодот на МПЦ во соработка со државните институции брзо ќе интервенираат и ќе се стопираат овие злоупотреби.