Скапи услуги во јавното здравство, проблеми во снабдувањето со потребните лекарства – пациетните се жалат на македонското здравство на Светскиот ден на здравјето.
Иако здравствените услуги во јавното здравство треба да бидат бесплатни, болниците изнаоѓаат начин како да им изнудат пари на граѓаните, велат експертите. Граѓаните, а особено пензионерите, се жалат дека поради ниските примања не можат да си дозволат да се грижат за своето здравје како што посакуваат. Тие го користат денешниот ден кој е Светскиот ден на здравјето за навистина да добијат бесплатен преглед.
„Голема пензија, па уште и треба да ја потрошиме на инсулин кој државата треба да ни го обезбеди, Здравствениот фонд, кој сме го плаќале со години. Добро викаше Оровчанец, ’пензионерите треба да се еутаназираат, ако јадат ќе немаат за лекови, а ако имаат лекови нема да јадат, пак ќе умрат‘. Тоа е иронијата, ама за жал вистина е.“
„За скапи, скапи се. Не може да се дозволи вака, ама кај нас здравството пропаѓа.“
„Сo 1000 денари социјална помош не се живее.“
Поранешниот министер за здравство Ѓорѓи Оровчанец вели дека во Клиниките ја користат секоја можност да им ги наплатат на граѓаните здравствените услуги.
„Јавното здравство, услугите се бесплатни, со тоа што разни Клиники по разни начини преку некои партиципации, доплати итн, им земаат пари на пациентите, тоа е ограбување. Ако сме дефинирале дека системотфункционира така и така, треба да се држиме до тоа, се друго е ограбување.“
Според Оровчанец, проблемот е што државата тоне во сиромаштија и невработеност и има се повеќе социјални случаи и за нив и минималниот трошок ќе биде оптоварување.
„Ако 33 отсто од луѓето се во сиромаштија, за нив и два денари здравствена услуга ќе биде скапа. Станува збор за нефункционална држава, цените на услугите може да бидат и минамално ниски меѓутоа тие цени можат да си ги приуштат мал број на луѓе.“
Светскиот ден на здравјето се одбележува секоја година на 7 април, кога е основана Светската здравствена организација во 1948 година. По тој повод, денеска Министерството за здравство во соработка со Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје организираат заедничка акција за бесплатни превентивни прегледи на пет пункта во Скопје.
Голема пензија“ па уште и треба да ја потрошиме на инсулин кој државата треба да ни го обезбеди, здравствениот фонд, кој сме го плаќале со години.
„Голема пензија, па уште и треба да ја потрошиме на инсулин кој државата треба да ни го обезбеди, Здравствениот фонд, кој сме го плаќале со години. Добро викаше Оровчанец, ’пензионерите треба да се еутаназираат, ако јадат ќе немаат за лекови, а ако имаат лекови нема да јадат, пак ќе умрат‘. Тоа е иронијата, ама за жал вистина е.“
„За скапи, скапи се. Не може да се дозволи вака, ама кај нас здравството пропаѓа.“
„Сo 1000 денари социјална помош не се живее.“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Поранешниот министер за здравство Ѓорѓи Оровчанец вели дека во Клиниките ја користат секоја можност да им ги наплатат на граѓаните здравствените услуги.
„Јавното здравство, услугите се бесплатни, со тоа што разни Клиники по разни начини преку некои партиципации, доплати итн, им земаат пари на пациентите, тоа е ограбување. Ако сме дефинирале дека системот
Јавното здравство услугите се бесплатни, со тоа што разни Клиники по разни начини преку некои партиципации, доплати итн, им земаат пари на пациентите, тоа е ограбување. Ако сме дефинирале дека системот функционира така и така, треба да се држиме до тоа, се друго е ограбување.