Додека Европскиот парламент критикува, македонските власти задоволни од остварувањето на европската агенда.
Европскиот парламент денеска во Стразбур расправа a утре ќе гласа за резолуцијата за напредокот на Македонија на патот за членство во Европската унија.
Со документот кој на 16 март беше одобрен од Комисијата за надворешна политика се бара поскоро отворање на пристапните преговори за членство. Во дел од предложените амандмани кои се однесуваат на политичката ситуација во земјава, европратениците изразуваат загриженост за актуелната состојба, наведувајќи дека бојкотот на парламентот од опозицијата може негативно да се одрази врз евроатланската иднина на земјата.
Меѓу предложените амандмани има и такви во кои се вели дека прашањето за името треба да се оддели од процесот на проширување, оти во спротивно, како што се посочува, тоа може да има негативни последици. Дел од грчките европарламентарци се жалат на антиквизацијата и сметаат дека решението за името е еден од елементите на процесот на проширување.
Некои од амандманите, пак, се посветени на ситуацијата со медиумите. Пратениците изразуваат загриженост поради политизацијата на медиумите и ниското ниво во новинарството, упатувајќи совети за поголем професионализам.
И покрај забелешките во резолуцијата, претседателот на мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија, Александар Спасеновски неодамна изјави дека Македонија има причина да биде задоволна од начинот на кој ја создава својата европска иднина.
„Имајќи го предвид квалитетот на реформите, јас мислам дека Република Македонија нема причина да не биде задоволна од начинот на кој што ја остварува сопствената европска агенда.“
Експертите во оваа област велат дека решението за името останува главен клуч за влез во Европската унија и не очекуваат драматични промени во поглед на евроинтеграциите доколку резолуцијата помине во парламентот. Универзитетскиот професор Илбер Сеља вели дека во следниот период да ќе се зголеми меѓународниот притисок за решавање на проблемот со името.
„И сега избори имаме, мислам дека треба да се знае дека сите меѓународни фактори ќе прават притисок да се решава овој проблем.“
Сеља укажува и на потребата од посветено работење на реформите особено во областа на човековите права и демократскиот развој.
Во меѓувреме, Европската комисија и официјално потврди дека нејзиниот претседател Жозе Мануел Баросо и комесарот за проширување, Штефан Филе, викендов ќе пристигнат во Охрид. Целата на посетата како што најавија е да се оценат реформите и напредокот на земјите од регионот и да се истакне поддршката на Унијата за европската перспектива на овие земји.

Имајќи го предвид квалитетот на реформите, јас мислам дека Република Македонија нема причина да не биде задоволна од начинот на кој што ја остварува сопствената европска агенда.
Некои од амандманите, пак, се посветени на ситуацијата со медиумите. Пратениците изразуваат загриженост поради политизацијата на медиумите и ниското ниво во новинарството, упатувајќи совети за поголем професионализам.
И покрај забелешките во резолуцијата, претседателот на мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија, Александар Спасеновски неодамна изјави дека Македонија има причина да биде задоволна од начинот на кој ја создава својата европска иднина.
„Имајќи го предвид квалитетот на реформите, јас мислам дека Република Македонија нема причина да не биде задоволна од начинот на кој што ја остварува сопствената европска агенда.“
Експертите во оваа област велат дека решението за името останува главен клуч за влез во Европската унија и не очекуваат драматични промени во поглед на евроинтеграциите доколку резолуцијата помине во парламентот. Универзитетскиот професор Илбер Сеља вели дека во следниот период да ќе се зголеми меѓународниот притисок за решавање на проблемот со името.
И сега избори имаме, мислам дека треба да се знае дека сите меѓународни фактори ќе прават притисок да се решава овој проблем.