Како ќе гласа дијаспората?

Дијаспората сеуште незнае како ќе се изведува гласањето

Подготовките за изборите почнаа, но македонските иселеници се жалат дека се уште не знаат како ќе можат да го остварат правото на глас.
Македонските иселеници ќе имаат право на глас само доколку имаат македонско државјанство, односно пасош и доколку претходно ја пополниле пријавата за евидентирање и ја доставиле до најблискиот конзулат. Пријавите за евидентирање на иселениците наскоро ќе бидат објавени преку медиумуте во земјите каде што живеат иселениците, велат во Министервото за надворешни работи.

Според неофицијалните податоци,
Она што дополнително се разговараше со нив е за отварање на конзуларни канцеларии во кој на денот на изборите ќе може да се гласа, меѓутоа сега за сега таа опција не се разгледува односно не е возможно во толку краток рок да се отворат такви канцеларии.
околу 500 илјади македонски граѓани живетат надвор од својата земја, но не сите ги имаат потребните документи за да можат да гласаат. Годинава, македонската дијаспора ќе може да гласа на класичен начин со заокружување на гласачко ливче.

Потпаролот на Министерството за надворешни работи Борче Стамов вели дека за овие прашања соработуваат со иселеничките друштва.

„Она што дополнително се разговараше со нив е за отварање на конзуларни канцеларии во кои, на денот на изборите, ќе може да се гласа, меѓутоа сега за сега таа опција не се разгледува односно не е возможно во толку краток рок да се отворат такви канцеларии.“

Како ќе се одвива предизборната кампања во дијаспората? Архивска фотографија: Предизборие во Скопје во 2009

Претседателот на Матицата на иселениците од Македонија Иван Џо Петрески вели дека ниту една институција не го консултирала нивното здружение во подготовките за гласањето на дијспората. Тој вели дека освен тоа што владејачките партии фиктивно си ги поделиле пратениците на иселениците меѓу себе, тие се уште незнаат ниту на кој начин ќе се гласа, ниту каде ќе се гласа ниту, пак, колкав број на кандидати ќе се јават на изборите ова лето.

„Не се знае ниту кој ќе се кандидира, а ниту од кого ќе биде предложен затоа што политичките партии во земјава немаат право на екстериторијална политичка активност во други држави во светот. Дали нема да им се расипе пресметката ако знаеме дека со 200 собрани потписи според новиот избирачки закон може да се кандидира секој еден македонски државјанин од било која држава во светот.“

Претседателот на македонските здруженија во Швајцарија Добре Здравев вели дека иселениците што живаат во таа земја не се информирани, ни за
Не се знае ниту кој ќе се кандидира, а ниту од кого ќе биде предложен затоа што политичките партии во земјава немаат право на екстериторијална политичка активност во други држави во
светот.
правилата, ни за начинот на кој ќе може да го си го остварат своето право на глас.

„Во Швајцарија со еден потпис се праќа во писмо и гласањето е завршено, а во Македонија како ќе биде не знам. Дали ќе биде во Амбасада тоа уште не сме информирани, бидејќи жителите што живеат во јужниот дел на Швајцарија, тоа е околу 350-400 километри, а да одвојат еден ден за да гласаат, не верувам дека ќе дојдат.“

Најголемиот страв на ислениците е дека нивното гласачко ливче ќе биде злоупотребено, вели Здравев.

„Да не биде злоупотребено на некој начин, бидејќи нашиот народ е научен да не презема одговорност. Не може да остават да гласа, никој не знае дали човекот е во Македонија или во Швајцарија, на тој начин.“

Петрески вели дека за краткото време што остана до изборите, ниту една институција нема да може да ги преброи и запише сите гласачи со македонски пасош во Европа, Австралија, Нов Зеланд, Канада, САД и Јужна Америка.