Достапни линкови

Донесени изборните правила


Без опозицијата, пратениците од власта викендов ги донесоа изборните правила. Власта тврди дека барања на опозицијата се вклучени.

Изборните правила кои беа дел од партиските преговори меѓу двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, пратениците на власта сами ги донесоа викендов. Според власта, новите правила се во корист на опозицијата и се вградени сите предизборни барања на Црвенковски. Во најголемата
Имајќи предвид дека не постоеше политички дијалог како резултат на кој што се оди на избори, сепак тие како владејачки партии ја носат целосната одговорност. Што и да биде ставено во изборниот законик ние излегуваме на избори, а ако имаме одредени забелешки после увидот во изборниот законик, ќе ги дадеме своите коментари.
опозициска партија која ќе учесвува на изборите, но нема да го прекине бојкотот на парламентот, велат дека ќе знаат колку од нивните барања се внесени во измените на изборниот законик кога истиот ќе биде објавен во службен весник, изјави Зоран Заев:

„Имајќи предвид дека не постоеше политички дијалог како резултат на кој што се оди на избори, сепак тие како владејачки партии ја носат целосната одговорност. Што и да биде ставено во изборниот законик ние излегуваме на избори, а ако имаме одредени забелешки после увидот во изборниот законик кој што е веќе донесен, ќе ги дадеме своите коментари.“

Во НСДП, која е дел од опозицискиот фронт предводен од СДСМ, не се задоволни од измените, зошто не го содржеле, според нив, клучното барање избирачките одбори да бидат составени од партиски претставници:


„Со оглед на тоа дека имаме сознанија дека околу 40 илјади луѓе се вработени во државната администрација, по случаен избор најголеми шанси има од државната и јавната администрација да бидат луѓе кои што сега се вработени со партиски книшки“, изјави Горан Мисовски.

Иако по две години во Собранието дојдоа ДПА не гласаа за измените. ЛДП, пак, побара нов изборен модел со отворени листи. И ДПА како и ЛДП учествуваа во расправата, но ни е и на гласањето.

Нова демократија кажаа дека ќе оделе на избори без услови.
Со оглед на тоа дека имаме сознанија дека околу 40 илјади луѓе се вработени во државната администрација, по случаен избор најголеми шанси има од државната и јавната администрација да бидат луѓе кои што сега се вработени со партиски книшки.

Пред распишувањето на предвремените избори на 5-ти јуни, Собранието треба да направи и корекција на бројот на гласачи во шестата изборна единица, да ги гласа уставните измени за екстрадиција на македонски граѓани со двојно државјанство и да се избере претседател на ДИК за што пратениците ќе гласаат најверојтно до крајот на недела:

„Ние се уште не сме го утврдиле денот кога треба да ги обезбедиме двотретинските пратеници и имаме предвид дека оваа недела треба да ги имаме сите пратеници во собранието за да можеме кога ќе се гласа, да се гласа и за претседателот на ДИК“, изјави Тахир Хани од ДУИ.

Инаку дел од донесените изборни законски измени се однесуваат на гласањето на дијаспората, на финансирањето на политичките партии и нивните кампањи, на работата на изборните органи, особено на ДИК, на надлежностите на Советот за радиодифузија како и за зајакнување на дисциплината на учесниците во избирачкиот процес.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG