Македонски изум за заштеда на гориво

Иноваторот Димче Шипинкаровски

Димче Шипинкаровски, самостоен иноватор од Струга, во време на сиромаштија, беспарица и скап живот, пронајде алтернативен систем за користење на горивата што ги движат возилата.
Иноваторот кој чека одговор на барањето за патентирање на изумот од Државниот завод за патенти и пронајдоци вели дека не се работи за интервенции на моторот на возилата, туку за дополнително вграден електронски модифициран систем за електролиза од 15 делови кој овозможува поголем процент на согорување на бензинот и нафтата, чиј ефект е поекономична потрошувачка на гориво, мала количина на издувни гасови и поевтин превоз.


„Има кантиче кое што собира околу еден литар, литар и пол вода, има генератор кој произведува електролиза конкретно конкретно водород и кислород, кои се спроведуваат веднаш до самата влезна гранка на воздух на самиот мотор. Водородот како енергенс кој гори и кислородот кој поддржува согорување, бидејќи се доста поизразени во самата компресија, тука доведуваме самото возило да има потрошувачка на нафта целосно изгорена, со 95, а можеби и со 100 постотно согорување. Инаку претходно со агрегатите како што се фабрички произведени, трошат максимум до 35 отсто нафта, другото се оди во издувни гасови. Сега добиваме целосно искористување на нафтата или бензиот доколку станува збор за возило на бензин возило“, го објаснува својот изум Шипинкаровски.

Тој додава дека не станува збор за автомобил кој оди на вода, туку на стандардно гориво, што тој тврди дека сега во неговиот прототип автомобил кој експериментално го вози со монтираниот нов тип на генератор, троши
Моето возило претходно трошеше седум ипол литри гориво на сто километри, а сега со направените модификации и преправки троши околу три пол литри гориво на сто километри пат и потребно е да се дотури околу еден литар вода за пат од две илјади километри. Сега возењето ми е поевтино за два до три пати.
два до три пати помалку од досега.

„Моето возило претходно трошеше седум и пол литри гориво на сто километри, а сега со направените модификации и преправки троши околу три пол литри гориво на сто километри пат и потребно е да се дотури околу еден литар вода за пат од две илјади километри. Тоа значи дека сега возењето ми поевтинува за два до три пати. За едно одење и враќање од Струга до Скопје со мојот автомобил сега ми се потребни од дванаесет до тринаесет литри гориво, или околу илјада денари.“

Стружанецот Шипинкаривски, вели дека доколку го патентира изумот, за кој кај нас ќе чека од една до две години додека се провери дали негде во светот има ваков ист пронајдок, сака него да го понуди на откуп во автомобилските индустрии, а со истиот ќе аплицира и во во други држави за патентирање, за што има право до 26 февруари идната година. Во време на финансиска криза, изумот на Димче е многу интересен за граѓаните.


,,Мислам дека многу ќе биде од корист, посебно за Македонија затоа што живееме во кризно време, скапи се бензинот и нафтата и овој систем ќе дојде многу убаво, ако е навистина така како што препорачува изумителот, вреди да се презентира и државата да се заинтересира повеќе, да му се овозможи на човекот него да го патентира. Сигурно и луѓето со него би се возеле поевтино и не би имало толку големо загадување.“

вели жител на Струга, кој пронајдокот на Димче го доживува како вистински бум и спас за поевтино и поекологично возење. Шипинкаровски, кој од економист се промовира во самоук иноватор, секојдневно прима многубројни повици од граѓани од земјава, регионот, Европските и Американски држави и од посредници за патентирање на неговиот изум во странство, кои ќе му овозможат и презентација на неговиот систем за возење на светските саеми за пронајдоци.