Како трета премиера годинава, во Драмски театар во Скопје се игра претставата Баал работена по текст на Бертолд Брехт, а во режија на Мартин Кочовски.
По одлично прифатените Тапани во ноќта и Кавкаски круг со креда, како режисер со поинаков пристап, ентузијазам и разбивачка енергија, Мартин Кочовски на сцената во Драмски театар во Скопје се зафати со поставката на Баал – текстот напишан во 1918 година од германскиот модернист и негов омилен писател, поет и драматург Бертолд Брехт. Ова е трета поставка на делото на една од македонските сцени по оние на Владимир Милчин во МНТ и Бранко Брезовац во Албанскиот театар, а Кочовски забележува дека Баал е голема, силна и сугестивна претстава со песимистичка тематика која завршува како оптимистичко дело.
„Ова е една поетична претстава за смртта на културата. Слободно зборот култура може да се промени и со уметност и со морал и со критериум.“
Насловната улога во Баал ја толкува актерот и уметнички директор на Драмски театар Зоран Љутков кој за својот лик вели дека е само навидум деструктивен.
„Има некаков оптимизам во таа негова идеа, тој е човек кој што ги жртвува своите најблиски, се жртвува и себе си за доброто на општеството, за доброто на светот, рушејќи го светот.“
Покрај него, во претставата играат Ванчо Петрушевски, Ѓокица Лукаревски, Ѓорѓи Тодоровски кој со овој проект прославува три децении активност на сцената на Драмски театар, Јана Стојановска, Филип Трајковиќ, Игор Ангелов, Валдета Исмаили и други, а Маја Вељковиќ – Пановска забележува дека претставата се издвојува и по актерскиот израз.
„Ние е оној класичен театар на кој ние овдека во Македонија сме навикнати да го играме, не е секогаш тоа театар на преживување, туку некогаш е и театар на знак, на знаковност.“
Инаку, Кочовски и овој свој проект го работи со своите редовни соработници Јулијана Војкова – Нојман и Филип Јовановски како сценографи и групата ФОЛТИН која ја подготви и ќе ја изведува музиката, а Бранко Ѓорчев, директорот на Драмски театар, истакнува дека за нив е многу битно поставувањето на Баал.
„Ќе значи многу за континиуитетот на се она што Драмски го прави во изминативе 60-тина години. Располагаме со продукт кој многу добро ќе партиципира и овде со домашната публика, а сигурни сме и на меѓународни фестивали."
Ова е една поетична претстава за смртта на културата. Слободно зборот култура може да се промени и со уметност и со морал и со критериум.