Според експертите, големите партии „цврсто“ го држат просторот на македонската политичка сцена.
Незначителни се шансите помалите или некои од новите партии да се наметнат како алтернатива, како во македонскиот, така и во албанскиот политички блок за време на претстојните предвремени избори, велат експертите. Сите важни политички битки ги добиваат партиите за кои и граѓаните однапред се определни, уверени се тие. Во албанскиот блок деновиве за простор на политичката сцена најави дека ќе се бори градоначалникот на Гостивар Руфи Османи. Моментот на носење одлука да се формира нова партија се совпаѓа со тајмингот на изборниот процес.
Политичкиот аналитичар Алајдин Демири вели дека новите партии може да имаат и поважни цели, односно да се спротивставени на неефикасните политики, но дека и новите партии се главно фракции од матичните партии. Од друга страна, она што се нарекува политичка култура не оди во полза на демократизација на политичкиот простор, смета Демири:
„Тие обиди го објаснуваат во суштина реалниот политички живот во Македонија. Станува збор за процес, мислам дека тој процес доаѓа, сите постојни партии ќе се соединат да го уништат овој нов дел, тоа го покажува праксата или ќе се обидат да го присвојат во своите редови.“
Во своите размислувања, експертите и даваат поддршка на идејата за трета опција, но особено нагласуваат дека би било добро ако новите политички партии не претставуваат само приврзок на големите политички субјекти. Во рамки на досегашниот плурализам се огледува дека новите субјекти кои се појвуваат немаат доволно време да се изборат за свој простор бидејќи се појавуваат непосредно пред избори и биваат проголтани од другите политички субјекти или згаснуваат. Тие треба да бидат доволно силни и упорни или тоа би бил уште еден процес во кој граѓаните би биле демотивирани да гласаат за нови партии, вели професор Тања Каракамишева Јовановска:
„Така што, мислам дека треба да се работи на тоа, нови политички субјекти не само да се создаваат туку едноставно постојните да се обраќаат до оние граѓани што се незадоволни, неопределени, значи нив да ги потикнат повторно многу поорганизирано од она што е сега.“
Според Демири, иако на прв поглед се чини дека се крајно заострени односите меѓу политичките партии ниту на овие избори тој не е уверен дека тоа ќе биде доволна причина за да се разбие биполарноста. Во албанскиот блок историјатот на настанувањето на партиите покажува дека ДПА се појави како фракција од ПДП, а Нова демократија како фракција од ДПА. Тој процес на центарска опција во македонскиот блок започна со Демократска алтернатива во 98-та година. Поголемиот дел од тие партии не успеаја да се задржат подолго време или помалите партии беа изедени од поголемите, како во природата. Релевантен политички субјект, според експертите, треба да има најмалку 10 пратеници во Собранието.
Станува збор за процес, мислам дека тој процес доаѓа, сите постојни партии ќе се соединат да го уништат овој нов дел, тоа го покажува праксата или ќе се обидат да го присвојат во своите редови.
Политичкиот аналитичар Алајдин Демири вели дека новите партии може да имаат и поважни цели, односно да се спротивставени на неефикасните политики, но дека и новите партии се главно фракции од матичните партии. Од друга страна, она што се нарекува политичка култура не оди во полза на демократизација на политичкиот простор, смета Демири:
„Тие обиди го објаснуваат во суштина реалниот политички живот во Македонија. Станува збор за процес, мислам дека тој процес доаѓа, сите постојни партии ќе се соединат да го уништат овој нов дел, тоа го покажува праксата или ќе се обидат да го присвојат во своите редови.“
Така што мислам дека треба да се работи на тоа, нови политички субјекти не само да се создаваат туку едноставно постојните да се обраќаат до оние граѓани што се незадоволни, неопределени, значи нив да ги потикнат повторно многу поорганизирано од она што
е сега.