Одеднаш, домашни и странски инвеститори пројавија интерес за инвестирање во Битола. Во слободната економска зона Жабени се продале дури 19 парцели.
Градоначалникот Владимир Талески соопшти дека за неколку дена се продале 19 парцели во индустриската зона Жабени, десет во касарната и пограничната парцела за изградба на хотел и казино близу Меџитлија. Ова е прва успешна продажба на парцели во индустриската зона по четири години, откако започна нејзината изградба. Инвестициите доаѓаат пред избори, а Талески засега не ги открива имињата на фирмите кои тука ќе започнат бизниси.
„Имаме италијанска фирма, грчка фирма, германска фирма, а останатите се македонски фирми. Мислам дека не би било коректно додека не ги дозавршат сите свои обврски, задолженија, кон целата документација, да ги кажувам фирмите зашто често ни се случуваше отпосле да настанат некои измени. Но, ќе ги кажам дејностите. Ќе имаме фирми кои ќе се занимаваат со дрвна индустрија, со текстил, а претежно најголемиот дел од фирмите ќе се занимаваат со прехранбена индустрија“, вели Талески.
Само во првата фаза во зоната се најавуваат вработувања на 500 лица. Десетте парцели од касарната, пак, се продадени на двајца странски и еден домашен инвеститор. Тие таму ќе градат згради и еден хотел, но и имињата на овие фирми засега остануваат во тајност. Сите продажби, па и на парцелата близу Меџитлија наменета за хотелски комплекс и казино, се одвиваа преку Министерството за транспорт и врски.
„Мислам дека за казиното се странски инвеститори. Се надевам дека новите инвеститори, во моментот не можам да кажам кои се бидејќи не знам, дека во релативно пристоен рок ќе донесат проект и ќе побараат одобрение за градба. Ние во рекордно брзо време и тоа ќе го издадеме, со надеж дека и таму ќе имаме еден капацитет кој ќе профати дел од нашите сограѓани кои се невработени“, додава Талески.
Според него, се работи за капитални прокети кои ќе донесат економски просперитет во градот и регионот.
Имаме италијанска фирма, грчка фирма, германска фирма, а останатите се македонски фирми. Мислам дека не би било коректно додека не ги дозавршат сите свои обврски, задолженија кон целата документација, да ги кажувам фирмите зашто често ни се случуваше отпосле да настанат некои
измени.