Опозицискиот СДСМ од Прилеп обвини дека на Фејсбук профилот на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ стоела автобиографија од Марко Цепенков во која е наречен „Голем бугарски писател и фолклорист“.
Лажен патриотизам, бугарофилство и целосна негрижа за македонскиот идентитет, јазик и културно-историско наследство. Ова се последните обвинувања на прилепските социјалдемократи упатени на адреса на нивните политички ривали, зашто два месеца на Фејсбук профилот на Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп стоела фотографија од Марко Цепенков и автобиографија напишана на бугарски јазик, во која македонскиот собирач на народни умотворби е наречен „Голем бугарски писател и фолклорист“.
„Дали се уште во ВМРО-ДПМНЕ постои бугарофилството кое што многу пати првиот лидер на Вашата партија, Љубчо Георгиевски јавно призна дека постоело. Го повикуваме ВМРО-ДПМНЕ, јавно да се извини на прилепчани и на сите македонски граѓани за сквернавењето на македонската историја и македонското културно наследство. И најитно да ја смените претседателката на Унија на жени во Прилеп, Соња Блажеска“, обвини Горан Сугарески, прилепски пратеник од СДСМ.
Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ стигнуваат остри деманти, но сепак ја признаваат грешката, зашто профилот не им бил ажуриран навреме. Координаторот Гоце Ингилизов истакна дека ги предупредил своите сопартијки во иднина да внимаваат повеќе, зашто „Фејсбук“ е виртуелна социјална мрежа на која секој граѓанин и без да го каже својот идентитет може да остави порака со каква било содржина. А, за да го потврдат тоа, Ингилизов презентираше копија од Фејсбук профилот на СДСМ на кој што извесен граѓанин во името на партијата, три минути пред да биде испечатен примерокот напишал:
„Тоа е слободна страна, на која секој може да прави се што сака и пак повторувам треба сите изјави, сите текстови кои што се претставени на тие страни да се земаат со резерва“, акцентираше Ингилизов.
Претседателката на Унијата на жени Соња Блажески рече дека била отсутна, на боледување одреден период.
„Сигурно на тој што ја поставил само за да смета на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи има голем број членови. Меѓутоа тоа нас не ни смета, ние тоа и не го приметуваме“, изјави Блажеска.
Во одбрана на своите сопартијци се вклучи и градоначалникот Марјан Ристески.
„Ниту Марко Цепенков е Бугарин, ниту Итар Пејо е Бугарин, ниту Крали Марко е Србин, сите се прилепчани, Македонци, гордост на нас прилепчани и на сите Македонци. И никој не смее да си игра со историјата на Македонија и со прилепската историја. Да не се препукуваат со вакви евтини политички поени, ниту една политичка партија, бидејќи идентитетот го знаеме кој сме и што сме и не треба да се потсетуваме цело време. А во интерес на тоа, Општина Прилеп ќе изгради голем број споменици“, истакна градоначалникот Ристески.
Дали се уште во ВМРО-ДПМНЕ постои бугарофилството кое што многу пати првиот лидер на Вашата партија, Љубчо Георгиевски јавно призна дека постоело. Го повикуваме ВМРО-ДПМНЕ, јавно да се извини на прилепчани и на сите македонски граѓани за сквернавењето на македонската историја и македонското културно наследство.
„Дали се уште во ВМРО-ДПМНЕ постои бугарофилството кое што многу пати првиот лидер на Вашата партија, Љубчо Георгиевски јавно призна дека постоело. Го повикуваме ВМРО-ДПМНЕ, јавно да се извини на прилепчани и на сите македонски граѓани за сквернавењето на македонската историја и македонското културно наследство. И најитно да ја смените претседателката на Унија на жени во Прилеп, Соња Блажеска“, обвини Горан Сугарески, прилепски пратеник од СДСМ.
Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ стигнуваат остри деманти, но сепак ја признаваат грешката, зашто профилот не им бил ажуриран навреме. Координаторот Гоце Ингилизов истакна дека ги предупредил своите сопартијки во иднина да внимаваат повеќе, зашто „Фејсбук“ е виртуелна социјална мрежа на која секој граѓанин и без да го каже својот идентитет може да остави порака со каква било содржина. А, за да го потврдат тоа, Ингилизов презентираше копија од Фејсбук профилот на СДСМ на кој што извесен граѓанин во името на партијата, три минути пред да биде испечатен примерокот напишал:
„Го продаваме името на државава, кој сака може да го има за 500.000 евра“.
„Тоа е слободна страна, на која секој може да прави се што сака и пак повторувам треба сите изјави, сите текстови кои што се претставени на тие страни да се земаат со резерва“,
Ниту Марко Цепенков е Бугарин, ниту Итар Пејо е Бугарин, ниту Крали Марко е Србин, сите се прилепчани, Македонци, гордост на нас прилепчани и на сите Македонци. И никој не смее да си игра со историјата на Македонија и со прилепската историја.