Нови долгови и непродуктивни трошоци

Според експертите, владата е фокусирана на предвремените избори, па нема економско објаснување за задолжувањата и трошоците.
Државата се задолжува, но не прекинува со непродуктивните трошоци.
Владата најави дека ќе повлече 220 милиони евра од кредитната линија
на ММФ, а продолжуваа изградбите на спортски игралишта, плажи, а
нема најави дека поради кризата се одложува или прекинува изградбата
на споменици.
Во време на избори, логиката на политичките партии се менува, ако претходно и била многу исправна. Се менува кон најкраткорочната прва цел - што ќе се случи со изборите. Единствена цел на Владата во моментов е да се добијат изборите и ќе ја жртвува целата ситуација само за да ги добие изборите. Така што тоа е објаснувањето, нема економска логика во ова.

Речиси е извесно дека со повлечените 220 милиони евра од ММФ целосно ќе се финансира буџетскиот дефицит кој за годинава е проектиран на 190 милиони евра.

Дел од економистите посочуваат дека Владата треба да ги троши парите на капитални расходи. Таквите инвестиции, како на пример во инфраструктура, образование или здравство, потоа генерираат профит со кој се отплатуваат долговите.

Професор Ванчо Узунов вели дека владата се задолжува и „се расфрла“ со пари само поради претстојните избори.

„Во време на избори, логиката на политичките партии се менува, ако претходно и била многу исправна. Се менува кон најкраткорочната прва цел - што ќе се случи со изборите. Единствена цел на Владата во моментов е да се добијат изборите и ќе ја жртвува целата ситуација само за да ги добие изборите. Така што тоа е објаснувањето, нема економска логика во ова.“

Поставување на Лавовите на мостот Гоце Делчев на 24 август 2010 година

Професор Јован Пејковски, пак, објаснува дека секое задолжување
треба да се поврзува со намените, целите и функциите што треба да ги
извршува.

„Во овој случај ММФ е институција која што по својата поставеност има задача да влијае на платно-билансните позиции и стабилноста на валутите, односно на односите на плаќање во меѓународна сфера. Оттаму задолжувањето кај ММФ се однесува токму на тоа, платно-билансните проблеми да се санираат во одреден период.“
ММФ е институција која што по својата поставеност има задача да влијае на платно-билансните позиции и стабилноста на валутите, односно на односите на плаќање во меѓународна сфера.

Тој посочува дека кредити за развој, инвестиции и инфраструктура дава Светската банка, ЕБОР или комерцијалните банки. Некои работи не треба да се поврзуваат и треба да се гледа намената на кредитот, вели тој.

„Оној што ја води политиката и е легитимен претставник, тој има право да одлучува како ќе се трошат парите. На крај велиме - отчетот се дава на крајот на мандатот.“

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески вели дека
парите од ММФ се повлекуваат за покривање на редовните буџетски
трошоци, за кои постоел ризик да бидат ненавремено подмирени поради
предвремените избори. Тој рече дека изборите ќе го спречат
издавањето на еврообврзницата, пари кои Владата веќе ги предвидела
во буџетот.

Долгот на владата на крајот од јануари, пред повлекувањето на овие
220 милиони евра од ММФ, изнесува речиси 1,7 милијарди евра. Според
тоа, владата е задолжена околу 23 отсто од БДП-то, што е во рамките
на Мастришкиот критериум за јавниот долг, според кој долгот на
општата Влада, односно државниот долг не смее да надминува 60 отсто
од БДП.

Од 2005 до 2008 година, владата значително го намали државниот долг,
но по 2008 повторно почнува благо да го зголемува. Сепак, со вакво
ниво на долг, Македонија се уште спаѓа во груапта на ниско задолжени
земји.