Последиците од економската криза, рестриктивната фискална политика, владините трошења, слабиот извоз - дел од причините за нискиот економски раст минатата година.
Според дел од домашните експерти, нискиот економски раст минатата година е последица на економската криза и рестриктивната фискална политика на државата:
„Пред се се должи на тоа што Македонија се уште не ги почувствувалапозитивните ефекти од заздравувањето на европската економија, затоа што ние сме многу поврзани со европската економија. Следен фактор кој што придонесе да не се оствари планираната стапка на раст е рестриктивната фискална политика минатата година која се должеше на проблеми со ликвидноста во буџетот“, изјави поранешниот министер за финансии Трајко Славески.
Според економскиот аналитичар Висар Адеми, пак, ниското ниво на Бруто домашниот производ лани било предизвикано од неконтролираното трошење на владата. За Адеми два фактори се клучни за забрзување на економскиот раст.
„Прво е извозот, значи да го подигнеме нивото и капацитетот на македонските компании да извезуваат надвор и втората работа е преку привлекување на странски инвестиции.“
Според меѓународните експерти во оваа област, најголема слабост на македонската економија е токму економскиот раст. Индермит Гил, главниот економист на Светска банка за Европа и Централна Азија вели дека не треба да се преземаат драстични мерки, но дека е пожелно инфлацијата да сеодржува на ниско ниво. Според Гил, кој ќе биде гостин во неделното интервју на Радио Слободна Европа, постојат неколку фактори кои може да го забрзаат економскиот раст.
„Особено важно е да се интегрирате во светските пазари. Значи што и да помага во насока на зголемување на надворешната трговија, би и помогнало на економијата. Растот зависи од финансиите, од претприемаштвото, од иновациите, од пазарот на трудот, од јавниот сектор. Последните два критериуми, пазарот на трудот и јавните услуги треба да претрпат најголеми промени“, изјави Гил.
Еве како министерот за финансии Зоран Ставрески, ги коментираше најновите податоци на заводот за статистика за порастот на Бруто домашниот производ од само 0,7 насто, наместо планираните два проценти.
„Првата половина на 2010 година не беше најдобра и затоа 2010 година во целина има пониска стапка на раст, но ако го погледнете вториот дел од годината, односно третиот и четвриот квартал имаме раст од 1,3% и подоцна 2,3% што значи дека растот оди нагоре што е добар старт за влез во 2011 година.“
Ставрески очекува раст од три и пол проценти годинава. Според него, за да се постигне економски развој, владата ќе инвестира во создавање на поквалитетна работна сила и поконкурентни производи.
„Пред се се должи на тоа што Македонија се уште не ги почувствувала
Пред се се должи на тоа што Македонија сеуште не ги почувствувала позитивните ефекти од заздравувањето на европската економија затоа што ние сме многу поврзани со европската економија. Следен фактор кој што придонесе да не се оствари планираната стапка на раст е рестриктивната фискална политика минатата година.
Според економскиот аналитичар Висар Адеми, пак, ниското ниво на Бруто домашниот производ лани било предизвикано од неконтролираното трошење на владата. За Адеми два фактори се клучни за забрзување на економскиот раст.
„Прво е извозот, значи да го подигнеме нивото и капацитетот на македонските компании да извезуваат надвор и втората работа е преку привлекување на странски инвестиции.“
Според меѓународните експерти во оваа област, најголема слабост на македонската економија е токму економскиот раст. Индермит Гил, главниот економист на Светска банка за Европа и Централна Азија вели дека не треба да се преземаат драстични мерки, но дека е пожелно инфлацијата да се
Особено важно е да се интегрирате во светските пазари. Значи што и да помага во насока на зголемување на надворешната трговија, би и помогнало на економијата.