„Громогласна“ тишина на плоштад Македонија за загинатите во пожарот во Кочани
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
„Кажи ми како без тебе да бидам“ - со стихови од песните на ДНК, граѓаните во Скопје испратија последен поздрав до настраданите во Кочани. Со ѕвездено небо, цвеќе и свеќи тие искажаа почит кон жртвите на плоштадот Македонија. Освен скопјани, собири имаше и во други градови во земјата.